Министерката за образование Весна Јаневска: „Со новиот закон за основно образование ќе се забрани префрлување на ученик од едно во друго училиште, освен ако се пресели семејство„

Новиот Закон за основно образование кој треба до крајот на годината да биде донесен во Собранието, ќе содржи одредба со која се забранува еден ученик да го промени училиштето, освен ако родителите не го сменат местото на живеење односно адресата. Како една од мерките за спречување серегрегација на учениците Роми, ова го посочи министерката за образование Весна Јаневска која денеска беше во Битола.

„Државата не прави сегрегација, туку физичкото одделување на одделни етникуми, во случјот ромскиот и македонскиот, е резултат на традиционално живеење во Македонија и тоа треба да се земе предвид. И ние се обидуваме и на судот во Стразбур тоа да го објасниме. Но, секако ќе преземеме одредени мерки, па така во новиот Закон за основно образование кој ќе влезе во сила веднаш по Нова година, бараме да се промени реонизацијата во одредени градови, не само во Штип и во Битола, а се забранува префрлање од едно во друго училиште освен ако семејството не се пресели на некоја друга адреса. Ќе си добијат обуки наставниците и ќе спроведеме програми за учениците, полека овој проблем го решаваме“, рече Јаневска.

Европскиот суд за човекови права во декември 2022 за ОУ „Ѓорги Сугарев“ од Битола и ОУ „Гоце Делечев“ од Штип донесе предуда дека го повредиле правото на децата за недискриминација во врска со нивното право на образование, па поради ваквата сегрегација на 38 засегнати семејства им додели оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта.

Во август годинава и Основниот граѓански суд во Скопје со судска пресуда утврди дека Владата, Министерство за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Општина Битола и Општина Штип, сториле дискриминација врз децата – Роми во образовниот процес. Во двете училишта учат претежно ромски деца и има целосно ромски паралалки.

Судовите ѝ наложија на државата, Општините и училиштата да се преземат мерки за да запре дискриминацијата.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 749 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата