Општина Гази Баба продолжува со реализирација на проектот за инклузија на децата Роми во јавните установи – детски градинки.
За таа цел градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во клубот на пратеници потпиша договор со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани за реализација на проектот Инклузија на деца ромиво јавните општински установи – детски градинки.
Секое дете е важно и токму затоа општина Гази Баба го реализира овој проект. Крајната цел е дечињата од најмали нозе да бидат дел од образовниот процес. Наша обврска како единици на локална самоуправа е да креираме услови со кои дечињата од нашите општини ќе прераснат во силни индивидуи – изјави градоначалникот Стефковски.
Престојот на дечињата Роми во детските градинки во општина Гази Баба е бесплатен, односно за истите Советот на општината има донесено Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка.