Како во изминтаниве неколку години така и оваа со обука која стартуваше од месец мај 2023, РБИЦМ заедно со творецот и иноваторот на вој проект нејзиниот претседател Зоран Димов го имплементира проектот „Педагошки асистенти„, за помагање на деца од основните училишта„. Кандидатите на овие обуки се стекнуваат со Диплома со занимање – Педагошки асистенти.
Оваа година обуката успешно ја минаа десет кандидати, кои истата ја посетуваа од месец мај 2023, а со стартот на новата учебна година ќе ја започнат и својата активност како педагошки асистенти во совладување на училишниот материјал на ученици кои имаат потешкотии во нивно учење. Таа активност ќе биде спроведена до крајот на декември 2023.
Сите овие Педагошки асистенти потоа можат и да засноваат работен однос и да бидат ангажирани од страна на самите основни училишта.
Инаку потребно е да се напомене дека оваа обука беше спроведена и финансиски подржана благодарение на Амбасадата на Република Словачка во Р.Северна Македонија, кои издвоиа средства за нејзина реализација.