Речиси една третина од децата Роми во Бугарија одат во училишта каде ова малцинство е мнозинство е последациа од маргинализација и отфрлање.
На почетокот на 2000 та година беше усвоен нов закон со кој им се дозволува на родителите сами да одберат во кое училиште ќе оди нивното дете.
Според Агенцијата на ЕУ за основни права, процентот на деца Роми кои одат во ромско училиште во Бугарија, последниве пет години се искачи од 16% на 29%. Тоа е највисоката стапка во деветте југо-источни земји членки опфатени во студијата.
Против политиката на маргинализација се бори директорката на едно училиште Ирена Цукева.
Таа имаше среќа дека ја има поддршката од професорот Росен Богомилов. Тој е единствениот учител Ром во нејзиното училиште и им е вистински пример на децата.
Директорката Ирена Цукева беше единствената што го прими и тоа со широко отворени раце и надеж. Тој веќе пет години предава историја и географија, а од почетокот на септември е и заменик директор.
Росен Богомилов и Ирена Цукева сакаат преку образование на децата Роми да им створат основа за иднината. Веќе десет години тие им нудат можност и на нивните родители и останати возрасни лица да се дообразуваат. 82 возрасни лица успешно полагаа минатата година, а најстариот од нив беше еден 60 годишен човек.
Од годинава Цукева и Богомилов сакаат да постават и медијатор кој ќе се грижи за социјалните проблеми на учениците Роми и ќе работи поврзување на ромските семјства и училиштето. „Некогаш децата не доаѓаат на училиште бидејќи немаат зимски чевли," вели директорката. Поради тоа со години децата спроведуваата акции за помош на сиромашните деца