Дека животот не зависи само од околностите , туку и од силната желба човек да и пркоси и на судбината , вистниски пример е Алиса Шајн (24) од Вршац. Таа е една од двете Ромски со универзитетска диплома во овој град, и покрај суровото детство успеа да излезе од волшебниот круг во кој се наоѓаат поголемиот дел од ромската заедница и да стане успешна жена.
Спасот го најде во образованието. Таа порасна во хранителско семејство, каде уште од својата 8 годишна возраст ги загуби и давата родители, а потоа и родениот брат . За волја на вистината секогаш и немаше потполна подршка но упорноста се исплатеше.
- Роднините кај што најпрвин живеев сметаа дека треба да завршам само основно образование. Но јас не мислев така и затоа побарав да ме префрлат во хранителско семејство. Од тоа семејство ја имав подршката и завршив најпрвин со одличен успех средно Хемиско и медицинско училиште, а потоа и Висока воспитна школа за ромски и српски јазик.
Во меѓувреме се вработи и во градската управа како координатор за ромски прашања. Токму и нејзината мисија и пример го насочува и кон идните генерации на Роми. Таа воедно е и на Факултетот за бизнис студии, каде поради работните и мајчински обврски паузира е е сеуште на прва година студии. Планира од септември да се реактивира, и да запише специјалистички студии.
Таа е добитник и на наградата „Жена симбол на посветеноста„ кој и ја доделиа тамошѓните две локални новинарки. Сака да пишува и има објавено песни во книгата „Литерални патеки„
Link: http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/reportaze/aktuelno.293.html:775357