Денес во рамки на своите активности претседателот на ИРУ воедно и на ЗРДИЦМ Зоран Димов, имаше работна средба со министерот за култура и туризам на Македонија Зоран Љутков. За време на средбата која се одржа во Кабинетото на министерот Љутков, од страна на Димов, му беа презентирани дел од состојбите со кој се соочува Ромската заедница од областа на културата.
Димов потенцираше дека од голема важност е Ромската заедница како дел од македонското општество да биде во поголем размер застапена во полето на културните случувања како во државата така и надвор ид неа.
Потребата за издвојување на поголеми средстав на тоа поле е од клучно значење, за зачувување на ромската историја, традиција култура, јазик и воопшто ромскиот идентитет.
Министерот Љутков изрази подготвеност дека на тоа поле ќе се потруди за поголема културна застапеност и афирмација на оваа заедница како на национално така и на интернационално ниво.
Истовремено министерот Љутков беше запознаен од страна на Димов како и од претседателот на Здружението „Есма„ Зорана Костовска за актуелната состојба со куќата и музејот зна Ромската музика и Домот на хуманоста на Есма и Стево Теодосиевски,
Воедно тој се запозна и со дел од правната разврска на овој објект, како и тоа дека е потребно да се превземат активности дека овој објект треба во идниот период да прерасне во официјален и вистински Дом на музиката, културата и хуманоста „Стево и Есма Теодосиевски„ и дека ќе се изнајде адекватно решение и модул овој објект да добије институционална рамка.