Се одржа премиерата на филмот „Недеља“ за животот на починатиот пејач Џеј Рамадановски, чиј живот беше полн со подеми и падови, љубов и трагедии.
По синоќешната премиера во Белград, филмот „Недела“ за српскиот фолк пејач Џеј Рамадановски се најавува дека ке следи и во Скопје на 26 јануари во кино Синеплекс.
Инаку Рамадановски,потекнува од ромско семејство од Македонија,а неговиот живот згасна во 2020 година на 57 години.
Филмот во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ, инаку насловен е според една од најпознатите песни на Рамадановски,,Недеља”.
Како главен лик (улога)се појавува Хусеин Алијевиќ, а играат и Марко Јанкетиќ,Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ,Ален Селими,Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ,Милица Јаневски, а како споредни улоги се појавуваат Санела Емин,Бајрам Северџан,Емра Куртишова и др.
Според изворите на Рома Пресс,покрај учевството во филмот,,Недеља” на македонските дипломирани актери Санела Емин,Емра Куртиш и Бајрам Северџан (Колјо)истите не беа поканети на премиерната промоција која беше оддржана во Белград, за втората промоција која треба да се оддржи во Скопје на 26 јануари, се уште не се известени и не се поканети.
За овој пропуст учесниците(актери)немаат објаснување ЗОШТО?