Пред нешто повеќе од една година Документарецот на СП БТР „Живот на крстпат„ во режија на Зоран Димов, ја доживеа својата премиера, каде публиката ја остави во солзи и длабоки емоции. Приказната е за маргинализацијата, економската несигурност, борбата за егзистенција на едно пет члено ромско семејство, кој исто така се соочуваше и со лица без документи и без покрив над главата.
Сега веќе при крај е формалноста со документите, и наскоро ќе ги добијат личните документи. Но една од најглавните придобивки е што еден од главните ликови малиот 8 годишен Сали Адемов, кој претходно по скопските улици питачеше заедно со своите родители, започна еден нов за него убав период од животот. Започна да посетува училиште за да го формализира своето образование.
Токму поентата и на документарецот и самиот режисер Димов беше на некој начин да испрати порака до државата и општеството дека и за тие семејства треба да им се даде шанса да го живеат својот живот еднаков како и сите други. Наедежта е тука, „Живот на крстопат„ имаше ефект!