Во рамките на реализација на проектот“Мапирање на разликите во домувањето за Роми „ кој е финансиран од Европската унија а е под-грант на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување „ Здружение Ромски Деловен Информативен Центар - ЗРДИЦМ од Скопје беше задолжен за снимање и разговор со засегнатите страни, Градоначалници, раководители на ЈП и Катастар, со НВО секторот и граѓаните .
Тој беше реализиран во изминатиот период и сега е комплетно постпродукциски подготвен за негова промоција.
Во тој склоп во периодот од 10 до 13 Септември 2019 ќе биде промовиран во сите седум општини кои беа во опфатот за реализација.
Тоа се општините Кочани, Штип, Велес, Куманово. Прилеп, Кичево и општина Чаир од Скопје.