По повеќе годишна адаптација како идеа, и напишано сценарио „ Небо Точак Земја„ е подготвен за негова реализација, и планирано е веќе на стартот на август 2019 година, да падне и првата клапа.
Самото сценарио се базира на еден документ кој ќе ги фрагментира потеклото, историјата, културата и традицијата на еден народ - Ромскиот Народ од целиот свет.
Воедно ќе бидат опфатени сите последователни сегменти , кои се причините за тие преселби, како и сите периоди од нивната богата и колоритна историја се до ден денешен.
Тоа подразбира теренско следење, снимање и документирање на фактите.
Според динамиката и сценариото патувањата ќе се спроведат меѓудругото на Европско тло (освен Македонија тука се вклучени Косово, Србија, Хрватска, Грција (Крит , Пелопонез), Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Германија, Шпанија, Португалија , Велика Британија) - вклучувајќи ја и Руската федерација, но и на азиското тло (Индија, Пакистан, Иран, и азискиот дел на Турција), како и на американскиот континент (САД и Бразил).
Проектот е замислен да придонесе за подобрување на социјалниот живот, зголемување на чувствителноста на односот кон Ромите и другите ранливи групи изложени на ризик од социјално исклучување. Истовремено ќе се направи и еден фокус од документарниот филм кои ќе придонесат за елиминација на стереотипите
Очекувани резултати во врска со предложениот проект ќе бидат:
Промоција на недискриминација, толеранција и социјална инклузија на Ромската популација, а тоа може да се постигне со овој документарец е со учество на повеќе реномирани меѓународни филмски фестивали.
Воедно како идеа од реализација на овој документ, да прерасне подоцна во еден голем филмски спектакл како Игран филм од историски карактер.
Инаку со свој потпис позади овој документарен филм ќе стојат како Продуцент Зоран Димов, Режија е на Коста Марковски, сценарио Рамуш Муарем - Цирко / Зоран Димов, камера, снимател Исеин Бајрам, Ерхан Демир, додека за монтажата е задолжен Ферди Осман. Како главен актер - наратор е Бајрам Северџан - Др Кољо.
Инаку филмот финансиски е подржан и од Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија, Агенцијата за Филм.