Во прекрасниот летен амбиент на хотелот Континетал во викендот што помина , традиционално по 27 ми пат СП БТР Продукција беше организатор на спектаклот за ромската убавина.
Во убава и летна атммосфера покрај убавината имаше и културно музичка илустрација со познати ромски музички уметници како и специјаната гостинка од Русија Елена Лазаренко кој со своите перформанси ја воодушеви присутната публика.
Во Изборот за Мисс оваа година титулите ги понесоа: Мис Интернационална Ромска Убавица е прогласена Анџела Хамиди од Албанија. Како прва придружниќка беше Антонела Мухаремовиќ од Македонија, втора Индира Хамид исто од Македонија, Мис фотогеничност ја понесе Исмаил Нерѓуза, од нашата држава, Мис шармантна Меланија Тоскиќ од Србија а Мис Декада беше избрана Изабела Селимовќ од Србија.
Како подржувачи на оваа културна манифестација се појавија Пивара Скопје, Тиквеш, Кавадарци, Аптеки Зегин и Агенцијата за промоција и подршка на Туризмот во Р.Северна Македонија.
Водител на програмата беше Даниел Петровски