Ромите во Европа се доселија околу 1100 година и нивните занаети како што се изработка на тесктил, оружје и слично го користеа Европејците. Но поради поинаквиот јазик и темната боја на коѓата ставот кон Ромите се сменил.
Поради честите војни во Европа се затворија повеќе трговски патишта, тешко се хранеше војската и населението , тие започнаа се повеќе да се потпираат на бесплатна работна сила за поевтино производство на храна и стока. Со други зборови, Ромите ги претворија во свои робови.
Најстар документ каде се спомнуваат Ромите како робови се во периодот од 1331. до 1355. година, за време на владеењето на австрискиот војвода Рудолф IV и царот на Србите , Бугарите, Грците и Албанците -Стефан Душан, каде една петина од своите Роми им ги подарил на манастирите и земјопоседниците.
Ромите беа поделени како куќни робови и робови за работа по полињата.
Инаку Бојарите (феудална аристократија во Русија, Бугарија, Молдавија и Влашка) беа најокрутни кон своите робови. Имаа посебен казнен закон каде беше дозволено тепање на Ромите по стапалата се додека „месото не виси во крпите„. Кога би фатиле бегалец , по немилосрдното камшикување , околу вратот би му го поставиле железен обрач со остри шилци така што нема можност за помрднување на главата , и ако случајно се помрде или заспие затоа што тие шилци околу вратот би го убиле.
Во другите делови на Европа не беше толку експлицитно ропството на Ромите , но состојбата можеби беше уште полоша. Папата Пио V се обиде во 1568. година да ги зибрка сите Роми од тоа подрачје под влијание на римокатоличката црква.
Португалците во 17. и 18 век ги праќаа Ромите во своите колонии во Јужна Америка, Африка и Индија, додека португалскиот крал Иван V ја развил опсесивната омраза кон Ромите и редовно ги испраќал во Бразил и Ангола, без никакви обвинениа против нив.
Во Франција одлуки за депортација се од 1427, каде на почеток беа само повремени, но од 1560. година започнаа наредби Ромите веднаш да ја напуштаат земјата или да се качат на галиите. Кралот Луј XIV во 1682. дал наредба сите Роми -машки во окови да се качат на галиите , а жените да се камшикуваат и да се протераат од кралството без никаква форма на судење.
Инаку во германскиот музеј во градот Нордлинген - Nordlingen може да се погледнат многу справи за мачење кои се користе против Ромите во Германија, како и плакат каде се прикажани Роми со распарчена кожа и месо од ударите со камшик, пред да се однесат на бесење , со натпис„ Казна за Ромите и нивните жени во оваа земја„ Потполната законска одредба за слобода на робовите Роми , попозната под терминот „Слобузења„, каде европските Роми и ден денешен ја споменуваат , се случила во
1864. година. Се случи државен удар и владата на новата романска држава , под водство на Михаил Когалницеану кој го преставувал напредното крило, донесе закон кој го укинува ропството и кметството и земјата ја доделил на селаните.
Link: https://phralipen.hr/2019/01/03/povijest-roma-robovlasnistvo-europi/