Деновиве на социјалната мрежа ФБ, веб порталот Рома Пресс сподели кратко видео од извесен Мустафа Ѓунер, Ром од Македонија со привремен престој во Германија. Тој на споделеното видео на ФБ снимен преку својот мобилен телефон, ги обвинува вработените во градскиот базен во Пробиштип, дека вршат дискриминација кон него и неговото семејство и не му е дозволен влез во базенот. Како што самиот вели тоа е од причина затоа што е Ром, а се оправдуваат вработените дека тоа е поради тоа шѓто тој и неговото семејство немаат резервации. Како шшто напоменува Ѓунер, ниуту еден од присутните немаат резервации, туку тој чин е чиста дискриминација.
Ова не е прв пат, Роми да не бидат пуштени во базени, и во минатото имаше вакви случаеви на дискриминација врз база на национална основа.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100026013663031