Комисијата против расизмот на Советот на Европа во својот годишен извештај оцени дека се направени „вонредни напори“ за поддршка на Украинците, но дека односот кон нив често зависел од етничката припадност.
Беше наведено дека сместувањето што им се нуди на Ромите со украинско државјанство е со послаб квалитет од другите Украинци во истата ситуација.
Утврдено е дека на сите раселени лица, без разлика на националност, боја на кожа или религија, треба да им се обезбеди соодветна заштита и поддршка.
Според Советот на Европа, евидентирани се инциденти против Украинците, но сепак преовладува солидарноста и поддршката, додека непријателскиот говор е поприсутен кон луѓето од другите делови на светот.
Според Ројтерс, во Европа има околу шест милиони раселени од Украина.