Германската покраина Берлин објави дека вилата на министерот за нацистичка пропаганда Јозеф Гебелс ќе биде урната доколку никој не се појави да биде нејзин сопственик. Берлинскиот министер за финансии Стефан Еверс изјави дека вилата ја нуди на „секој што сака да ја добие како подарок од покраината Берлин“ и дека е достапна за секој што сака да плати за нејзиното „скапо одржување“.
Еверс предупреди дека „Берлин нема друга опција освен да го изврши уривањето“ доколку никој не излезе да ја преземе сопственоста.
Гебелс ја користел оваа вила за одмор и, веројатно, за своите тајни љубовни врски, пишува Дојче вече.
Откако нацистичкиот министер го одзеде својот и животот на своите деца заедно со неговата сопруга, вилата накратко се користеше како воена болница, пред да биде претворена во младинско крило на Источногерманската Комунистичка партија.
Вилата подоцна сменила неколку намени, се до падот на Берлинскиот ѕид, по што била целосно напуштена.