„Циганка не може да биде лице на Русија“, со овој наслов во 2013 година беше преземена сторијата на Алсу Курмашева која таа изворно ја објави на Радио Слободна Европа на руски јазик после изборот за Мис на Русија со наслов „Победничката на Мис Русија, етничка Татарка, цел на навреди на интернет“, откако победничката на овој натпревар на убавина Елмира Абдрзакова беше прогласена за најубава во Руската Федерација и особено откако беше подложена на невидена хајка на говор на омраза и закани на социјалните мрежи.
Овој текст на Алсу Курмашева беше само еден од многуте нејзини и на дел од нејзините колеги во руските медиуми кои таа година, во 2013, започнаа да предупредуваат на големиот раст на национализмот со изблици на фашизам во Русија. Таа е втората американска новинарка приведена во Русија во 2023 година, по новинарот на Волстрит џурнал, Еван Гершкович.
Алсу Курмашева е обвинета дека не се изјаснила оти е „странски агент“, обвинение кое носи затворска казна до пет години.
Во услови во кои сега се наоѓа Русија никој не може да каже колку време новинарката Курмашева ќе биде во притвор додека не се изјасни дека е „странски агент“, и за да биде апсурдот уште подрастичен, доколку признае ќе се соочи со затворска казан од најмалку 5 години. Оваа ја очекува Алсу Курмашева според законот што Путин го донесе во 2019 години со кој Русија ги заостри законите за медиумите и за невладините организации кои можат да бидат квалификувани како „странски агенти“.
Link: https://racin.mk/analizi/cziganka-ne-mozhe-da-bide-licze-na-rusija/