Пратеникот и лидер на движењето „Ние – глас од народот“,е познатиот лекар Бранимир Несторовиќ. Тој како новоизбран пратеник, на конститутивната седница на Народното собрание на Република Србија ги нарече своите колеги од опозицијата „цигани“.
Со ваквото однесување Несторовиќ,покажува дека не е претставник на сите граѓани, неговото дискриминаторско однесување покажува и поддржува омраза, расизам и нетрпеливост кон ромската заедница.
Инаку Несторовиќ го привлече вниманието на јавноста на самиот почеток на пандемијата на корона вирусот во Србија, кога на прес-конференција на која зборуваше и претседателот Александар Вучиќ изјави дека корона вирусот е „најсмешниот вирус што постои на Фејсбук“.