Позицијата и дискриминацијата на Ромите во општеството на Шпанија е уште повоочлива, откако оваа земја се најде во економска криза. Според весникот Ел Мундо, 40% од Шпанците не сакаат Ром да им биде сосед.
Шпанија во минатото ја прифаќаа како земја која дава пример како Ромската популација ја вклучува во политичките економските и други случувања. Денеска Ромската заедница е во лоша положба вклучувајќи ги сегментите: образование, вработување, домување, здравство и пристап до јавните служби.
Во статистиката стои дека во 2007 година во Шпанија живееат 750.000 Роми, но од друга страна Шпанските Роми кои се наименуваат како „Хитанос„ не се официјално признати како етничко малцинство.
Но приказната со оние други Роми кои пристигнаа како доселеници од други држави живеат во тешки економски и социјални права и се соочуваат со расна дискриминација.
Поради тоа во многи интернационални повелби Шпанија е потписник за изработка на национална стратегија која ке има регионален фокус за подобрување на статусот на Ромите. Тоа подразбира Националното социјално вклучување и со специфичните приоритети за Ромски инвестиции и предвидува мерки во деловите за вработување,образование,вдомување,здравство и социјално вклучување.