Кукест крст / Свастика - Симбол

Кукест крст (германски: Hakenkreuz) или свастика (санскрит: स्वास्तिक) — крст со еднакви страни со прекршени краци под прав агол и свртен надесно (卐) или налево (卍).
Изразот потекнува од санскритскиот збор „свасти“, што значи добробит. Тајландскиот поздрав со споени дланки (како при молитва) има исти корени и исто значење.

Свастиката е ширококористен симбол во дармиските религии  (хиндуизам,  будизам  и џаинизам). Хиндуистите често ја украсуваат свастиката со по една точка во секој квадрант. Во Индија е премногу чест и вообичаен симбол, така што е дел од неколку  деванагари  азбуки. Исто така е дел и од современиот Уникод. Често се наоѓа во верски текстови, покани за свадби, украси итн. Се користи за обележување религиозни знамиња во џаинизмот и будистички храмови во Азија.

Постојат археолошки докази дека облици на свастика датираат од Неолитот. Во 1920 свастиката била позајмена како нацистички симбол и од тогаш е контроверзен симбол. Во западниот свет, свастиката е најпозната како симбол на нацизмот, што го извртува историското значење на симболот на истокот.
Се среќава и во други азиски, европски, африкански и староамерикански (индијански) култури, некогаш како геометриски мотив, некогаш како религиозен симбол.

Иако и во Европа овој симбол може да се најде на голем број обjекти и споменици, неговото користење во Западниот свет се избегнува поради поврзаноста на овој симбол со Нацистичка Германија.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 60 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот