На 2-ри август на просторот пред британскиот Парламент, Вестминстер, Роми од цела Велика Британија се собраа на протест против расна дискриминација, во знак на одбележување на жртвите на Ромскиот Холокауст - геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна.
Собирот во Лондон беше поддржан од европското општество ГРТ. Водачите и активистите од Ирска, Шведска, Франција и Италија продефилираа низ улиците на главниот град на Велика Британија и, одбележаа заедно за правата на Ромите и да им оддадат почит на жртвите од холокаустот.
Тој ден Ромите и Патниците стоеја рамо до рамо во Лондон за кампања против предрасуди и дискриминација.
Целата протестна група потоа се упати кон канцелариите на Европската комисија и Европскиот парламент во Велика Британија, каде заедницата и поддржувачите на ГРТ му покажаа „црвен картон“на ЕУ, затоа што не ги брани основните човекови права на Ромите во Европа.