По нападот во Лесковац, продолжува бранот на напад врз Роми.
Всушност на 19 мај оваа година во центарот на Краљево , уличниот свирач Данило Анѓелковиќ физички го нападна на осумгодишното ромско дете Е.Г.. Тој го нападнало детето според неговото искажување му сметал за време на неговиот уличен настап во центарот на градот.
Ромската организација „Барвалипе„ веќе следниот ден го посети семејството на детето за да ги разбере деталите во врска со овој инцидент.
Тие овој чин најостро го осудуваат поради тоа што станува збор за насилство врз деца. Инаку насилникот своите постапки преку ФБ ги оправдал со тоа дека малолетникот му пречел за време на неговото музицирање и им замерува на граѓаните на Србија што не застанале позади за него овој оправдан акт.
Дали воопшто има место за вакво оправдување за овој вид на физички напад врз деца. Организацијата смета дека државата Србија и надлежните иснтитуции на адекватен начин ќе реагираат, кој е уште еден во низта последни инциденти на напад врз Роми во Србија.