Деновиве како посебна информација до Веб Порталот Рома Тајмс од позната ромска активистка за Правата на Ромите и Елизабета Вивалди пристигна информација за случувања во Италија, поточно во близина на градот Наполи каде италианските медиуми како да сакаат да замижат.
Во својата информација лично Вивалди на нашиот новинар (н.з Рамуш Муарем) му напиша дека чувствува потреба за овој настан да се сподели и да дознае јавноста.
Всушност таа напоменува дека Комитетот на Ромите од Италија длабоко го осудува настанот од 10 Мај годинава кога од кампот во општината Џулиано -
Наполи каде има над 800 луѓе, бклучувајки над 300 деца кои го сочинуваат најповеќе луѓе од еџ Југославија во раните утрински часови со полициско засилување започна расчистување и уривање на овој камп, без некое претјодно предупредување или пак алтернативно сместување.
Според нејзе овој камп на тоа место функционира над 30 години. Тие во целиот овој период биле вуквално пуштени сами на себе и покрај претходните ветувања од општината Џулијано дека овој простор ќе биде урабнистички решен.
И покрај ветената помош од 900.000 евра општината никогаш не превзела конкретни чекори, туку напротив секогаш правеше пресијам, рации и малтретирање на овој камп. Истото се повтори и утрото на 10 мај кога пристигнаа над 50-тина полицајци во акцијата за расчистување на овој простор.
Сега Комитетот на Ромите реагира врз база на тоа што условите и постапувањата биле сосема не хумани без нудење на некоја алтернатива за нивно сместување.
Што ќе биде понатаму со овие луѓе засега нема никакво објаснување или решение.
И покрај барањето на Комитетот на средба со градоначалникот на Џулијано нема никакви наговестувања за одржување на тој состанок.
Затоа се поставува и следното прашање: „ Дали во Италија се буди времето за прогон врз Ромите?„