Хрватскиот правобранител за деца Хеленца Пирнат Драгичевиќ предупреди во хрватскиот Парламент дека нееднаквоста е еден од клучните предизвици во остварување на детските права , како што се квалитетот на животот кој зависи најмногу од условите каде живеат, местото на раѓање, и дека во тој смисол најзагрозени се ромските деца.
Ромските деца немаат пристап на низа услуги , најчесто поради сиромаштијата на семејствата , напомена Пиран Драгичевиќ , со напомена како позитивен пример од неколку локални заедници каде животот сепак може да се промени.
Со поднесување на извештај до Хрватскиот парламент за работата на својата канцеларија за минатата година односно за состојбата со правата на 800.000 деца во Хрватска , и посочи на високиот ризик од сиромаштија , на нерваноправен пристап до улсугите , како што се во здравството за деца и семејства во секој регион, градови и општини , каде има голема разлика помеѓу децата од самиот старт на своите животи.