Жителите на згребската населба Петрушевац излегоа на улици на протести. Тие го изразија своето незадоволство поради вселување на 30-тина ромски семејства од населбите Нови Јелковац, и Плинарска населба во зградите на нивното соседство каде градот Загреб ги купил за Ромите.
Протестантите носеа транспаренти каде беше напишано „Земете ги за себе„, „Куме шарај малку, не само во Петрушевац„, „ Не создавај гето во нашата населба„ и „ Градоначалниче, ние не сме во вашиот град, вие сте само привремено градоначалник„.
Инаку Ромските семејства од Нови Јелковац и Плинската населба потребно е наскоро да се вселат во новата зграда во населбата Петрушевац пренесуваат хрватските медиуми.