Магнети со ликот на Хитлер се продаваат во центарот на Скопје

Магнети со ликот на Хитлер на големо се продаваат на тезги во Старата скопска чаршија, во непосредна близина на Музејот на холокаустот. Меѓу изложените сувенири купувачите имаат шанса да си изберат и магнети со ликовите на Мајка Тереза, Александар Македонски, Тито и Сталин. Меѓутоа, продавачите велат дека најбарани се магнетите со ликот на Хитлер.

Продавачите кои ги продаваат овие шокантни сувенири речиси не се ни свесни за последиците кои ги предизвикуваат. Рамката во која се сместени сите магнети загрижува и открива во која мера човештвото има куса меморија и недостиг на познавање на историските факти, реагираат минувачите.

Она што е чудно е дека ликот на Хитлер и Мајка Тереза се еден до друг. Мајка Тереза добитничка на Нобеловата награда за мир и до неа човекот кој уби милиони луѓе. Чудна комбинација е дека тие се еден до друг, вели еден странски турист.

Во Европа има тенденција на будење на неонацизмот посебно во време на мигрантската криза, но кај нас во даденава ситуација се работи за манипулација со незнаење, имитација на погубни движења во светот и пропусти во образовниот систем посебно кај младите генерации.

Во неколку наврати Меморијалниот музеј на Холокаустот реагирал до продавачите дека се глорифицира деструктивна идеологија во светски рамки, во која загинаа над 50 милиони луѓе. Бидејќи обидите биле залудни и продажбата на магнети со ликот на Хитлер продолжува Еврејската заедница во Македонија минатата година поднесе иницијатива до Министерството за правда.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 461 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот