На Ромски јазик израз за Холокаустот е Pharrajimos, или во слободен превод е -"да го проголта ".
Пред почетокот на Втората светска војна, Ромите и Синтите низ цела Европа беа третирани како граѓани од втор ред, што вклучувало нееднаков третман во правниот систем. Поради нивниот неодреден статус легално, постоеше и останува значителна дебата за вистинскиот број на Роми и Синти кои ги загубија своите животи за време на Холокаустот.
Вкупните проценки за загубени животот на Ромите во Европа се движат од 500.000 до 1.500.000.
Општо е прифатено дека бројот на Роми и Синти кои систематски биле уништени во Аушвиц-Биркенау изнесува околу 20.000.
Овој месец, на 26-ти февруари, ќе се одбележат 76 години откако возот што го носеа ромскиот народ пристигна во Аушвиц. Овој единствен воз што стапи на станицата во 1943 година ќе биде прв од многуте што ќе пристигнат полн со Роми во овој логор.
Тоа беше почетокот на трагедијата што европската историја во голема мера го игнорираше - Ромскиот холокауст, или Pharrajimos.