Хрватските Роми Тончек (23) и Бернардо (20) се осудени во Данска на 15 години затвор поради 24 разбојништва по куќи, насилство и незакосно поседување на оружје.
Според данските медиуми тие рабојништва се случија во неколку дански градови во периодот од 2015 до 2017 година. Судот во Нукобинг ги осудил и нивните родители , 48 годишниот Сантино Корена и 51 годишната Лилјана Мујагиќ на по 12 години затвор.
На 8 години исто така е осуден и пријателот на ова семејство Ивица Гегиќ (37).
На сите ним им е одрден доживотен изгон од Данска по тслужување на казната затвор. Обвинение беше подигнато и против 19 годишниот бат на Тончек и Бернард, но тој е ослободен поради недостаток на докази.
Еден од доказите за рабојништво беше и отпечаток на патиките на еден од браќата. Сите осудени се жалеа на овие пресуди. Обвинителката Сузана Блухум бараше за двајцата максимална казна од 18 години затвор и протерување од Данска.
Тоа што се случи и што е сторено против моето семејство е чиста дискриминација - смета постариот брат , кој е огорчен поради висината на казната/
За Тончек данските медиуми пишуваа и пред шест години како осомничен за напад на постари жени и кражба на златен накит во Шведска, но тој тогаш возврати со закана за против тужба на медијската куќа Карлсхамн иако не беше објавено неговото име , ниту етничката ромска припадност.