Став на Зоран Димов - „Јас сум искрен и отворен , а не кукавица кој се крие позади некои блогови без името на блогерот!„

Пред извесно време, поточно со пост на 13 јули годинава на социјалните мрежи се појави текст поставен со наслов „Што ги боли на ромските “политичари”, “експерти” и “активисти”? . Како што пишува на самиот блог насловен „За Ромцките работи„ блогот бил наменет за коментирање на секојдневните случувања на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Чудно и интересно! Овој инспириран плагијатор блогер или група блогери од Крсте Петков Мисирков (спред превземениот видно сменет наслов „За македонцките работи„), најдоа сходно да преку овој текст да делува(ат) „воспититно„ за сите оние „други„ кои не се на линија со неговиот или нивниот концепт на делување.
Беа именувани неколку лица кои демек „не биле дораснати„ да дадат свое мислење, став и сл.

Лично јас како Зоран Димов, не би сакал да зборам во туѓо име, но она што е симптоматично е дека во тој контекст бев и ја спомнат па дури и „етикетиран„ нормално - во негативна конотација па и споредуван со метафори демек јас сум човек кој цитирам „Еден од овие е озогласениот “Премиер” на Ромите, а тоа е Зоран Димов кој испокраде се што можеше во минатото за повторно денес да ја изгуби телевизијата, фабриката и да биде никој и ништо. Но да не заборавиме, Мис на ромска убавица секогаш се организира бидејќи тоа е најважно.„

Друже блогер/ и, едно ќе ви кажам. Јас сум Зоран Димов јавно и со име и презиме пред вас. Јас сум искрен и отворен , а не кукавица кој се крие позади некои блогови без името на блогерот или блогерите!„
Но едно е симптоматично. Кое е тоа екслузивно право јавно да ме девалвирате и како човек, и како семеен човек и бизнисмен, и активист , без ниту еден доказ, факт, документ, за се „горе наведеното?
Дали си /сте свесни дека на овој начин си ја барате бељата на ваш врат и дека има и факти и докази дека иницирате и правите тежок прекшок со кој може лесно да дојде и до судска разврсја за ваквите ваши дсиквалификации, навредим уцени, инсивуации и клевети.

Денес воопшто не е тешко да се најде авторот или нарачателот на овој навредувачки и без покритие текст, за кои може да сносите и тешки последици.

Ако сум бил јас таков каков што сум опишан во горенаведениот текст од ваша страна, досега во мојата над 28 годишна активност ќе „излезеше на мегдан„ некоја кривична пријава или пак казнена одлука. Државата ниту е слепа ниту е пасивна за да не превзеде мерки доколку констатира во сите овие децении наназад ако имаше нешто такво!

Дали со тоа се правите вие најпаметни од стие други, или како јас што го рабирам ова ваше пишување е само, навреда, штета и дискредитација на мојата личност , каде се обраќате во прво лице еднина - со етикетирање и квалификации.

За ова уште еднаш ќе повторам - ќе се соочите со судска разврска, затоа што напаѓате паушално, и кукавички криејќи се зад блогови или евентуално нарачани текстови без факти и докази.

И на крај да ви порачам еден превземен ФБ статус : „Ако сега немам ништо и сум сиромашен кас ќе јадам само леб и сол.
„Но сиромашните умови затоа - јадат гомна!„

Ветувам - наскоро се гледаме пред лицето на правдата! - На суд!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 160 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот