Дискриминација врз Ромите – секојдневние кое што го гледаме и слушаме, но не обрнуваме внимание
Република Северна Македонија во Уставот ни ги гарантира основните човекови права и слободи и не третира еднакво сите граѓани без разлика на пол, раса, боја на кожа, етничка припадност, верско уверување и слично. Но сепак, тоа е само во Уставот, на парче хартија напишано. Во реалниот живот секојдневно се среќаваме со дискриминација по различни основи,
Но еден од заедниците кои живее тука е „лајт мотив„ за еден куп навредливи и дискриминаторски вокабулар. Погаѓате нели: - Ромите!!!
Ако се земе во предвид еден тон вицови, шеги на тема „Роми„ Да тргнеме од говорот, поточно „карикирање„ на македонски јазик со ромски дијалект.
Потоа од штосови и финти на тема „Цигани„, „Роми„ од типот: „Се досаѓам ко сапун у циганска бања – купатило„ или во стилот „ Ќе те расчукам така да и Циганите странци ќе ти се чинат„
Исто со децении воспоставен вокабулар на застрашување на мали деца: „Ако не си мирен ќе те украде циганката„ или „ ќе те собере старо купувам„.
Исто така редовна доза на недоразбирање или недоговор е повторно на товар на Ромите во стилот: „Ајде бе ќе се ценкаме како цигани„ или „Ај да не ја правиме циганската....„
Има уште еден куп на такви „ниски удари„ кој ги гледаме и слушаме во нашето секојдневие , но не обрнуваме внимание, дури понекогаш на тие кои ги изговараат им звучи смешно и забавно.
А дали се запрашале какво е чувството на другата страна? На тие луше кои се „генерализирани„?
Дали знаат дека тоа и психички влијае на идните генерации млади Роми кои токму од тие аспекти и „се кријат„ дека се Роми. Не, тие не се срамат од својот идентитет или корени, туку се срамат дека ќе бидат изложени на потсмев, генерализирање, и дискриминирање, кое понатаму во нивните животи може да им донесе само нефер пристап кон општеството и сите придобивки кои ги нуди затоа што тие се веќе однапред обележани: дека Ромите лажат (а државата и политичарите што даваат лажни ветувања на граѓаните тоа не е ништо), дека Ромите крадат (а најголемите криминалци кои украле милионски суми се на слобода), дека Ромите се валкани (а тие „валкани„ токму ве чистат од смет, ѓубре, ви го собираат вашиот валкан отпад и ви ги одржуваат фирмите, канцелариите, куќите да ви бидат беспрекорно чисти), и уште еден мал милион примери токму на спротивното верување.
Маж или жена, образован или неук, богат или сиромашен, не е важно, секој од нив е живо битие желно за внимание. Но, најпрво секој има потреба од почит. Било да е со збор, пари или предмети, сè претставува подадена рака. Таа топла и толку потребна рака за помош најчесто е недостапна и незаинтересирана да брише туѓи солзи. Нам слободата како и да не ни треба, додека живееме во прангите на самољубието. Зошто да го лажираме моралот? Разликите меѓу луѓето се само искушение кое треба да се надмине, а не да се падне во неговата јамка.