Поради потребата од реализација на активностите во рамките на проектот„Преку засилен глас до подобри здравствени услуги за жените Ромки - продолжение„, Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Куманово има потреба од 3 соработници/чки во Куманово, Кочани и во Штип.
Соработниците/чките ќе работат како контакт лица на информативните точки во ромските населби во овие градови во период од 10 месеци.
Тие ќе треба два пати месечно да организираат штандови - информативни точки во ромските населби и да ги информираат граѓаните за нивните здравствени права и услуги, кои се загарантирани од страна на државата.
Под раководство на НРЦ исто така, ќе имаат задача да спроведат и истражиување на терен.
Вештините кои што треба да ги поседуваат соработникот/чката се:
- Да има завршено средно образование
- Да живее во градот за кој се однесува повикот: Куманово,Кочани и Штип
- Да го зборува јазикот на ромската заедница во која че се реализираат информативните точки
- Да познава работа на компјутер - Wоrd Document, INTERNET, пишување е маил
- Да поседува добри комуникациски вештини
Соработниците/чките ќе имаат 2 тренинга кои ќе се запознаат со активностите кои што треба да ги спорведуваат, со проектот и со начинот на спроведување на истражување на терен. Двата тренинга ќе бидат еднодневни и се задолжителни.
Сите заинтересирани за позициите треба да испратат кратко мотивациско писмо и кратка биографија (CV).
Краен рок на пријавување е до 16 јануари 2016 година - петок, а пријавите да се испратат на е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.