Покрај тоа што повеќето од парцелите се во државна сосптвеност или сопственост на градот, земјиштето се води како градежно, нишките Роми не сакаат нивните гробишта да ги одржува градското претпријатие, туку сакаат сами да си ги одржуваат.
Групата на Ромите предводена од Игор Пауновиќ од здружението „Цветно срце„ не сакаат Ромските гробишта во Ниш, кои во моментов не се во ниту еден систем на јавното комунално претпријатие, каде „Медиана„ и „ Горица„ повремено ги чистат, да бидат под ингиренции на Градот.
Главна причина што Ромите не сакаат да бидат под ингиренции на градот е од финансиска природа. Директорот на ова претпријатие вели дека гробиштата сеуште не се под ниван надлежност, и нема од што да стравуваат Ромите од Ниш.
Ромите најавуваат дека со помош на странски донатори ќе обезбедат возило и финансиски средства кои ќе ги плаќаат вработените кои повремено ќе работат на тие гробишта. Инаку погребните формалности се вршат во Гробиштата кои се наоѓаат во оптшината Црвен Крст. Погребните формалности не се регулирани со ниеден документ, ниту процедура и немаше дури ни капела.