„8 Април е извор на темелните вредности за идентитетот и битието на Ромите од целиот свет„ беше меѓудругото напоменато за време на прославата која се одржа во Собранието на Р.С.Македонија. Организаторите заедно со Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците, во четвртокот на 6 април го одбележаа Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април.
Поздравни обраќања имаа Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија; Љатифе Шиковска, претседателка на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците. Пригодни видео-обраќања имаа и Антонио Гутереш, генерален секретар на Организацијата на обединетите нации и Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент. Настанот се заокружи со свечено доделување на плакети за даден придонес во процесот на интеграција на Ромите во Република Северна Македонија од страна на Зоран Димов, претседател на ИРУ и претседател на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во општеството. На настанот присуствуваа пратеници, претставници од Владата, дипломатски кор и невладини здружанија. Истовремено во Кристалната сала имаше и презентација преку банери за историјата на Ромите како на интернационално така и на национално ниво поврзано со Ромите. Таа изложба ја продуцираше Зоран Димов, а изработен од страна
М- р Даниел Петровски и во асистенција со новинарот Рамуш Муарем. Инаку оваа прослава ја помогнаа Владата на Р,С.Македонија како и Собранието на Р.С.Македонија