Политика

Во Брисел најавен е протест на Ромите од Бугарија

На стартот од оваа година се случи инцидент помеѓу бугарски војник и двајца малолетни Роми од селото Војводиново во јужна Бугарија што резултираше со рушење на нелегално изградени објекти во ромската населба.

По инцидентото малолетниците се уапсени , а потпреседателот на Владата и Министер за одбрана Красимир Каракачанов изјави дека „ Ромите се теѓки за соживотшто предизвикува етничка омраза„.

Како одговор на тоа стотици Роми оваа седмица протестираа пред Владата на Бугарија и како што е најавено и присутните нема да се повлечат се додека не излезе Каракачанов и јавно да се извини за говорт на омраза кон Ромите.

“Денес сме илјада , но друг пат кога ќе се собереме ќе бидеме стотици илјади„ вели еден од протестантите. Според неговите зборови Каракачанов ќе мора да биде казнет за говорот на омраза, и должен е да спроведе истрага за случувањата во Војводиново затоа што бугарскиот војник за време на инцидентот не бил на службена должност.
Како што е наведено на веб страницата Roma Antidiscrimination Network на 19 јануари е закажан протест во Брисел кој е насочен кон зголеменото насилство над Ромите во Бугарија и во другите европски држави.

Истовремено во скоро време планирано е и ИРУ заедно со ОБСЕ, ЕРТФ и други организации да направи средби со бугарските државни преставници и да се поразговара околу оваа состојба

Бугарскито министер Каракачанов: Ромите станаа арогантни и неможеме повеќе да ги толерираме

Бугарскиот министер за одбрана и лидер на десно ориентирани ВМРО -за Бугарско национално движење Красимир Каракачанов, ја повика бугарската влада да прекине да ги слуша бриселските активисти за човекови права.

Какаракачанов и претходно е познат на јавноста по неговиот говор на омраза кон Ромите кои и овој пат беа во фокусот , кога пред неколку дена еден полицаец беше нападант во селото Војводиново , наводно од група Роми.

Каракачанов истакна дека „ Ромите станаа арогантни, и дека општеството повеќе не може да ги толерира„ информира European interest.

Како претседателски кандидат во 2016 година , Каракачанов водепе предизборна кампања под мотото „ Да ја прекинеме демографската катастрофа„. Непрекинато акцентираше дека треба да се запрат „Нападите на Ромите„ о „Ромскиот криминал„ како дел од неговиот план за запирање на „демографската катасртофа„ и да ја заживее Бугарија, пренесува ERRC.

Тој напомена дека Ромите во Бугарија се најподложни на исламска радикализација од сите граѓани во државата.

Link: http://www.portal-udar.net/bugarski-ministar-karakachanov-romi-su-postali-arogantni-ne-mozemo-ih-vise-tolerisati/

Претседателските избори планирани за 21 април

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека првиот круг од претседателските избори најверојатно ќе се одржи на 21 април, по одложување на првичното планирање на 28 април кога се паѓа Велигден.  Вториот круг  би требало да се одржал на 5 мај.

Џафери кажа дека 8 февруари е крајниот рок за распишување претседателски избори, а со оглед на тоа што три општини се без градоначалник, Ново Село поради оставка и Дебар и Охрид поради смртн случај паралелно со претседателските во овие општини да се одржат и избор за градоначалник.

Јапонскиот пасош е најценет, може да патува во 190 држави без виза

Најдобро пласиран е јапонскиот пасош каде без виза може да се патува во 190 држави. По него следуваат сингаприскиот и Јужнокорејскиот со 189 држави.

Третото место го делат Франција и Германија со 188 држави, а потоа Данска, Финска, Италија и Шведска со 187 држави.

До десетото место има над 20 држави најповеќето од Европската Унија плус Норвешка, САД, Австралија, Исланд и Нов Зеланд.

Од бивште ЈУ држави надобро рангиран е словенскиот пасош на 11-то место каде може да патува во 180 држави без виза. Потоа Хрватска на 20 место со 168 држави да патува без виза, Србија е на 40 место каде може да патува во 129 држави без виза, Македонија на 43 место со 125 држави, Црна Гора во 123 држави, БиХ во 118 држави. Косово е на 94 место со можност да патува без виза во 44 држави.

На последно 104 место се наоѓаат Авганистан и Ирак кои без виза може да патуваат во 30 држави.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 123 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот