Политика

За 20 години муслиманите ќе бидат најбројни во Македонија

Муслиманите ќе бидат мнозинско население во Македонија во наредниве 20-тина години. Ова се вели во истражувањето на американскиот истражувачки центар "Пју" кое дава подолг период за овој процес, и го најавува најдоцна во наредните 30 години во истражувањето - "Иднината на светските религии – проекции за растот на популацијата 2010-2050 година". Според истражувањето, Македонија влегува во групата земји кои ќе имаат различно мнозинство во 2050 година, во однос на 2010 година. Во Македонија во 2050-година христијаните ќе бидат под 50 отсто од вкупниот број граѓани, а бројот на муслимани ќе расте и ќе биде над 50 отсто.

Во 2012 во Македонија биле родени 11.995 лица етнички Македонци, а истата година умреле 14.823. Тоа е биланс од минус 2.828 лица. Истата 2012 во Македонија биле родени 8.035 лица етнички Албанци, а починале 3.416, што е плус од 4.619.

Дали промените, исчезнувањето на христијаните пред муслиманите на Балканот ќе се случат побрзо од најавените светски трендови.
Во скопскиот регион (градот Скопје плус Арачиново, Кондово, Петровец, Илинден и Сарај) во 2017 година од новородените деца 46,5% се Македонци а 39% од новородените бебиња се Албанци. 

Ако на ова се додадат и бебињата од мислиманските семејства на Ромите, Турците и Бошњаците - Македонија за најмногу една генерација, значи за 20-тина години, ќе биде доминантно муслиманска држава и веќе го живее она што американските истражувања од почетокот на оваа анализа го најавуваат во Европа за 2030-2050 година.

Линк: https://vecer.mk/node/3336

 

Поставена табла со Северна Македонија на граничниот премин со Грција

На преминот „Богородица“ на грчко-македонската граница веќе стои табла со натписот „Република Северна Македонија“ на македонски и англиски јазик.

Не станува збор за нова табла, туку промената е направена со налепница врз стариот натпис.

Тоа е во согласност со вчерашната одлука на Меѓуресорската владина група за спроведување на Договорот од Преспа и уставните измени, која предвидува Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена.

Грција го ратификуваше договорот со НАТО, Македонија и официјално станува Северна

Според Преспанскиот договор и уставниот закон за спроведување на измените во досегашниот македонски устав, новото договорено име за државава, Република Северна Македонија, стапи во сила откако грчкиот парламент го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Според прогнозите Македонија и официјално за неколку дена ќе стане Република Северна Македонија.

Владата веќе формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Колку ќе чини целиот процес од Владата засега не откриваат, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе заврши целата постапка.

Промената на уставното име на Македонија следува по потпишувањето на Договорот од Преспа и неговата ратификација во парламентите на двете држави. По 27-годишен спор со Грција, Македонија ќе го промени името од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“.

Почнуваат подготовките за пописот, неизвесна графата за етничка припадност

До 27 месецов треба да се најде фирмата што ќе го изработи софтверот, односно апликативното решение за пробниот попис и пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Државниот завод за статистика пред 2 дена го распиша огласот, со што и официјално почнуваат подготовките за пробниот попис што ќе се одржи во април годинава и за официјалниот попис на населението во април наредната година.
„Сега се бараат решенија за апликацијата, со оглед на тоа што пописот ќе се врши со преносни компјутери. Пробен попис ќе има во 16 градови и 16 села, а за делот со исфрлањето на графата за етничката припадност крајниот збор го оставаме на Парламентот. Ние го кажавме своето мислење“, изјави директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски.

Во тендерската документација можат да се видат и некои од прашањата што треба да ги содржи апликацијата. На пример, модулот за податоци на лица, односно прашањата на кои треба да одговараат луѓето кои ќе бидат попишувани содржат мајчин јазик, државјанство, тие ќе бидат прашувани и колку време се присутни на адресата, дали лицето се враќа во домаќинството повеќе од двапати во еден месец, економскиот статус, превозното средство што се користи за да се стигне до работното место/образовната установа, главни извори на средства за живеење итн. Графата етничка припадност не е содржана во тендерската документација за софтверот.

Од Државниот завод за статистика изјавија дека е можно при пописот да нема прашање за етничката и за верската припадност бидејќи, како што тврдат, тие податоци немаат употребна вредност и се подложни на политички злоупотреби.
„Немало попис што не бил цел на политизација, а најмногу се политизира етничката компонента. Затоа сме подготвени да се откажеме од некој аспект, но политизација нема да дозволиме. Да потсетам, ова е статистичка операција. Според нашиот Устав, правата на одредена група граѓани произлегуваат од јазикот што го говорат, а не од етничката припадност“, изјави пред неколку месеци Симовски.

Крајниот збор за ова треба да го каже Собранието согласно со новиот Закон за попис, иако  жестоки се реакциите во однос на бришењето на графата за етничка припадност, со оглед на тоа што државата ќе нема увид за процентот на етничките заедници кои живеат во Македонија.

Целата операција со пописот треба да чини 8 и пол милиони евра, што е далеку помалку од 14-те милиони за пропаднатиот попис во 2011. Неуспешниот попис го актуелизираше и СЈО, кое врз основа на снимки од бомбите отвори истрага за Никола Груевски и Али Ахмети под сомнение дека тие ја злупотребиле службената положба и го оштетиле буџетот за 2.8 милиони евра.

Последниот попис во земјава беше одржан во 2002 година и Македонија е една од ретките држави во светот каде што населението не било пребројано повеќе од 17 години.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 189 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот