Северна Македонија – Претседателски избори - ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682
Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите. Освежувањето на политичката сцена таа го лоцира во резултатите на партијата ЗНАМ, чиј кандидат Максим Димитриевски освои 83.787 гласови (9,26%), и доколку го повтори успехот и на парламентарните избори - цврсто ќе се етаблира на политичката сцена.
Изненадува малиот број на гласачи на Левица (41.172 или 4,55%), што е показател дека граѓаните не бараат комплетна ревизија на досегашните политики и барање на нови правци.
Многу коментари предизвика и резултатот на кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој освои 8.103 гласови (0,90%), иако претходно обезбеди над 10.000 потписи за да се кандидира.