Политика

Фондацијата „Ромите за демократија“ - Ромите против корупција и насилство

Фондацијата „Ромите за демократија“ бараат зголемување на нивните набљудувачи за време на вториот круг претседателски избори и прв круг парламентарните, каде што е констатиран предизборен поткуп, на местата кај што живее доминантно ромско население

Фондацијата на „Ромите за демократија“ организира марш против корупцијата и насилството.  Од Фондацијата „Ромите за демократија“ се пред Министерство за внатрешни работи побараа средба со министерот за внатрешни работи, Тошковски.

Link: https://www.mrt.com.mk/node/109020

Кој од ромските преставници има шанси да биде пратеник во идниот парламентарен состав?

Како се приближува 8 мај, така се вжештува и предизборната кампања на партиите и кандидатите за пратеници во собранието. Реториката станува се пожестока.

Политичкит дијалог се губи но лични дисквалификации в изобилство.

Тоа е и меѓу ромските кандидати за пратеници.

Кој од ромските преставници има шанси да биде пратеник во идниот парламентарен состав пресудете сами.

Единстевено самостојни  со своја листа на кандидати од ромскиот блок ќе настапат АВАЈА. Тие свои листи на кандидати же имаат во Избрните единици 3,4,5 и 6. Но дали ќе освојат доволно гласови за нивен преставник во Парламентот, прогнозите се неблагодарни, а сепак одлуката за самостоен настап е за пофалба

Што се однесува до другите ромски кандидати за пратеници тие се дел од коалиции кој надевајќи се на успех на  тие поглеми партии се оптимисти дека же бидат дел од идниот парламентарен состав.

Па да погледнеме. Како кандидат од Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ во Изборната едницица 2 се појавува Асан Ферат кој е под реден број 7 на таа листа .

Во истата изборна еднициа но од Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под реден број 12 е Ерџан Демир. Исто така од Коалиција „Европски форнт“ предводена од ДУИ под редниот број 6 е Фатима Османовска од Унија на Ромите . Во некои прогнози велат дека нејзините шанси се доста видливи.

Сепак треба да се земе и во предвид дека Самка Ибраимвски од ПЦЕР кој е во коалиција со „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ е носител на листата во ИЕ 4.

А исто така висок котора и на листата на Нова Демократија партијата на Данела Арсовска каде во ИЕ 3 втор на  листата е Геге Демировски.

Воопшто гледано од сите страни зрачат с оптимизам дека секој од нив може да биде во идниот парламентарен состав. Но дали тоа ќе се случи ќе се знае по 8 мај кга ќе заврѓат изборите. Желбата е едно но реалноста е сосема друга. Се знае дека заедништвото и пред се интересите на заедницата треба да се на прво место, но по се изгледа дека предизвикот „собраниска фотелја„ е попримамлива.

Нека ни е Господ напомош !

 

 

Нова Алтернатива на овие избори настапува со своите постулати чија основа се правдата, правичноста и просперитетот

На овогодишните парламентарни избори политичката партија Нова Алтернатива, за прв пат самостојно учествува со нова енергија, нови луѓе и како нова опција каде ги повикува граѓаните кои веруваат дека со борба против корупцијата и криминалот и воедн како што велат: „Заедно ќе обезбедиме подобра иднина, да гласаат за бројот  9. Меѓудругото од Нова Алтерматива велат:

  • Сите заедно, со една идеја - правда за Македонија, да се обединиме и да се избориме за еднакви можности, за економски просперитет. Заедно да обезбедиме правна држава во која ќе нема привилегирани и секој ќе биде еднаков пред законите.
  • Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните, држава во која ќе владее ред и поредок.

Нова Алтернатива има пет постулати на кои се базираат сите останати нивни програмски определби, а чија основа се правдата, правичноста и просперитетот. Уверени се дека со сузбивање на корупцијата, сите останати програмски проекти едноставно ќе се реализираат, имајќи во предвид дека во овој момент криминалот, корупцијата, недостигот на владеењето на правото и правната сигурност се едни од најголемите предизвици со кои што се соочуваа нашето општество и Македонија.

Инаку на овие избори од ромската заедница за листа на пратеници кандидран е и Геге Демировски кој е втор на листата од ИЕ 3.

Инаку Нова Алтернатива како носители во Изборните единици се кандидраа во четири ИЕ.

Во ИЕ 1 носител е претседателот Данела Арсовска., во ИЕ 2 - Драган Митковски , ИЕ 3 - Ирена Витина и на ИЕ 4 - Ана Цамбулева.

 

Северна Македонија – Претседателски избори - ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите. Освежувањето на политичката сцена таа го лоцира во резултатите на партијата ЗНАМ, чиј кандидат Максим Димитриевски освои 83.787 гласови (9,26%), и доколку го повтори успехот и на парламентарните избори - цврсто ќе се етаблира на политичката сцена.

Изненадува малиот број на гласачи на Левица (41.172 или 4,55%), што е показател дека граѓаните не бараат комплетна ревизија на досегашните политики и барање на нови правци.

Многу коментари предизвика и резултатот на кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој освои 8.103 гласови (0,90%), иако претходно обезбеди над 10.000 потписи за да се кандидира.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 92 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот