Политика

Фицо е проба за тебе-му пратија заканувачка порака на Вучиќ

Лидерите на Западен Балкан и на Европската унија денеска се среќаваат во Котор на самитот под слоганот „Еден регион, заедничка визија“.

На самитот ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Официјални лица од регионот, претставници на ЕУ и Соединетите Американски Држави ќе разговараат за Планот за раст на Западен Балкан. Пред самитот има закани за безбедноста на Вучиќ.

“Тоа беше проба за атентат врз тебе – е една од најскандалозните закани што се појавија.

Меѓу ужасните заканувачки пораки беше и оваа:

“Сега веќе нема мачкање очи треба да си ги исполниш ветувањата, инаку и вака ќе читаме за тебе.

 

Колумна на Надир Реџепи - Збогум Собрание

Колумна на Надир Реџепи - Збогум Собрание

Оние кои ги читаат моите колумни можеби приметиле дека главното внимание во расправата е насочен кон развојот на процесите и трендовите во однос на ромското прашање. Тоа значи дека не се фокусирам на одредени настани или пак дела на поединци, затоа што тие се одраз на индивидуални и парцијални интереси во дадено време и простор. Како такви тие содејствуваат или противречат на тековните макро процеси, било тоа на политички, економски или културен план. Во повеќе наврати кажав дека ромското прашање не може да се гледа изолирано од досегашните настани во Македонија. Ниту пак развојот на настаните во Македонија во однос на Балканот и Европа. Исто така, важно е да се имаат во предвид специфичностите на сите нивоа, од национално, преку регионално до меѓународно, за да изградиме некоја приближна слика дали Ромите во Македонија се во тек со тековните процеси и имаат придонес на политичката култура во нашето општество, и дали тој придонес носи значително влијание и промени во општеството и самата ромска заедница. Следејќи ги глобалните и регионалните трендови и политики, сосем е очигледно дека ромското прашање се губи од радарот на политичките елити. Европа и Балканот имаат поважни работи, како секогаш, ама дури сега добиваме потврда дека ромското прашање е сосем неважно за политичките кругови. Десните партии, и популистите меѓу нив, добиваат се поголема политичка моќ, додека ромските политички елити немаат соодветен дијалог и третман од истите. На претстојните избори за Европскиот Парламент во јуни прашање е дали ќе имаме повеќе од еден Ромски Евро-пратеник во Брисел. Тоа е назадување, од 4 на еден. Во регионот, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора немаат ромски пратеници во нивните парламенти. Косово и Хрватска имаат резервирани места за ромски пратеник, додека ние за првпат после 1990, се приклучивме на трендовите на Србија, Босна и Херцеговина  и Црна Гора. Тоа се процесите во ЕУ и Западен Балкан кои треба да ги следиме и најдеме соодветни решенија за политичка репрезентација.

***

Додека чекаме ДИК да ги објави конечните резултати од 11-тетите парламентарни избори во Македонија, најверојатно новиот состав на Собранието нема да има пратеник Ром. Сосем очекувано, барем за мене, имајќи ги во предвид одлуките на ромските партии за настап на последните избори. Овој резултат, како народ и граѓани на оваа држава, не враќа во 1989 година, во времето на идеолошкото едноумие на тогашната република. Време е да заборавиме на бајките за мултиетничка демократија во Македонија затоа што ромската заедница се соочува со класична дилема на политички затвореник: систем кој (навидум) поттикнува соработка, ама на крајот не генерира (или не сака да има) напредок и позитивни промени за ромскиот народ. Ова е суровата зделка на тој политички систем – на последните избори 30.000 гласачи Роми немаат свој претставник во Собранието. Можеме да се жалиме во недоглед дека системот е наместен и ги фаворизира големите партии, ги присилува помалите партии да прават вештачки коалиции/сојузи, дека единствена шанса или избор е да бидете на листата на СДСМ или ВМРО (овој пат и во ДУИ)... и се така во недоглед со декадентни оправданија и образложенија дека некој таму ни е крив што на осми мај не успеавме да добиеме ромски пратеник во Собранието на Македонија.

Пред да го обвиниме системот и големите партии, редно е да погледнеме како и зошто ни се случува енормно големата незрелост во нашиот ромски политички двор. Ако не е незрелост тогаш можно е да биде ирационалност, типична за балканскиот менталитет, или погрешна математика. По се изгледа дека има од се по нешто во одлуките на ромските партии, и тоа е потполно и легитимно право на истите. Замислете преполна чаршија со политички производи кои не знаете на која тезга се сместени. Цената е непозната, вредноста уште поголема тајна, а употребната вредност е позната само на лидерите на ромските партии. Наместо единствен и уникатен бренд, обединета ромска сила, на пазарот имаме 14 ромски партии, од кои секоја се занимава со својата стока – трговија со ветувања, нејасни агенди, кратки и евтини кампањи, во кои прават се што може за да добијат дел од гласот на Ромите.

Математиката е брутална. Македонскиот изборен пазар има шест гласачки единици (плус три за дијаспората) и на секоја партија и требаат околу 8.000 гласови за да обезбеди пратеничко место. Додатно, нашите гласови треба да се концентрирани односно да ги има доволно во една изборна единица. Со 14 тркачи кои се мачат за исто парче колач, секој добива мрсна порција - недоволно за да купи пристојна баклава во скопските кафулиња. Оваа фрагментација ги прави креаторите на етаблираните мнозински партии да се однесуваат како кралеви. Тие ги  „голтаат“ ромските гласови во замена со прозрачните ветувања за „вклучување“, ветувања кои испаруваат побрзо од утринската магла над Охридското Езеро.

Ниту „коалициското решение“ не беше балканска бонанца. Од 1990 година, ромските партии ги спојуваа своите вагони со големите играчи, станувајќи незгодни партнери во едно необично политичко танго. Нивните агенди се разводнија, истовремено со нивните гласови кои се удавија во какафонијата на националната политика. Тоа е исто како да се обидувате да разговарате за филозофијата во преполн ноќен клуб - многу галама, без суштина. Зависно од бројот на добиените гласови, тежината на ромските партии во владини коалиции беше нејасна варијабла. Пред избори нашите ромски лидери ветуваа илјадници гласови за коалициониот партнер, за да после избори бројат стотици гласови. Колку тежите во гласови толку ви е цената, односно местото во власта. И така, коалиционите муабети меѓу ромските партии и СДСМ или ВМРО резултираа со добиени министерски позиции, па заменик министер, неколку директори и последното кое го добивме беше позицијата на државен секретар. Досегашните искуства се различни, некогаш добивавме повеќе од заслуженото, некогаш добивавме помалку од заслуженото. И во двата примери, поголем дел од нашите лидери не беа спремни да се носат со предизвиците на добиената политичка и институционална моќ.

Идеологија? Да речеме само дека повеќето ромско-партиски забави се чисти како дното на рибарска мрежа по долг ден ловење на реката Брегалница. Нивните идеолошки платформи се заматени како муабет после ракија, иако додуша јас сеуште имам проблем да разберам која е идеолошката определба на нашите ромски партии. Овој недостаток на фокус ги прави лесно одбрани за учество на мејнстрим забавите, на кои можат да исфрлат неколку важни зборови за „вклучување“ и да ни ги соберат гласовите со сета финеса на чистачот на улици на ветровит ден. Не е важно кој вид на музика се свири на тие коалициони забави, важна е волјата на организаторот на забавата на која  се поканети да играат нашите политички елити. Ништо ново, а уште помалку чудно, затоа што Макијавели одамна го напиша рецептот за владеење со малите политички амбиции.

Лидерство? Да се разбереме, харизмата е редок квалитет на ова преполно политичко поле. Немаме визионер како Мандела што ќе ја обедини заедницата, нема барем еден со гравитациска почит на националната ромска сцена. Овој лидерски вакуум им овозможува на себичните личности да се издигнат на врвот на некоја група, со нејасен или нецелосен легитимитет, превртлив морален  компас и само-избрани доживотни претседатели. Околу себе имаат членство кое по правило не знае повеќе од лидерот кој во исто време е претседател, секретар и благајник на партијата. Тоа е како да поставите тинејџер да раководи со деликатна работилница за поправка на механички часовници во време на дигитална револуција.

Значи, која е стратегијата за излез? Осми мај беше проверка и потврдата за нашата реалност и способност за политичко делување: прво, тековниот изборен систем не е изграден за несериозни и незрело потковани политички играчи; второ, истиот е политички инженеринг на СДСМ и ВМРО кој им дава монопол за владеење на секои 4 до 8 години; трето, пропуштените прилики и грешките од минатото мора да се платат, а тоа го плаќаат сите ромски граѓани на Македонија. Нашите политички лидери треба да најдат нова формула за инкорпорирање на ромските интереси во мнозинските интереси. Досега беше малите интереси на ромските партии да најдат место во интересите на големите партии. Знаеме кој имаше бенефит и привилегии од досегашната пракса на коалицирање на малите и големите. Консолидацијата е клучна, тоа е поуката што требаше да ја имаме од 2016 година наваму. До тогаш имавме ромски пратеник изгласан од ромските гласачи, а после 2016 нашите гласови се претопија во коалиционите лавиринти со СДСМ и ВМРО. На осми мај плус со ДУИ. Само Аваја трчаше сама, со чист ромски предзнак, иако храбро, сепак симболично. Верувам стекнаа искуство и лекции од првата трка, претпоставувајќи дека ќе најдат одговори и решенија за следната трка. Ентузијазмот и вербата ќе треба да се заменат со макотрпна работа на терен, почнувајќи од сега па се до следните избори.

После секои избори повторуваме дека сите ромски партии треба да се спојат, за да станат сила која треба да се смета за сериозен фактор, и да престанат да се збирка на политички бутици кои им продаваат ситници на туристите. Можете ли да замислите како се обединуваат под еден транспарент, моќен симбол на единството на Ромите што не може да се игнорира? Преамбициозно или поточно нереално.  Сега, кога сојузите сеуште се на менито, ромската политичка елита треба да најде начин и сила во друга насока, прво внатрешно обединување и пребројување на нашите ромски гласови, па потоа носење заедничка одлука дали ќе трчаме сами или во коалиција на следните избори. Заборавете на слепата лојалност, односно црно-белата слика за лево или десно, затоа што обединувањето не гарантира успех ниту моќ ако не ги одбереме најдобрите, најквалитетните и најпосветените за служење на колективните интереси на Ромите. Важно, ромскиот глас не треба да оди на контото на неромски партии, оти тоа е диктатот на логиката на етнократската демократија во државата. Ромските партии треба да имаат долгорочен стратешки фокус и стекнат искрени сојузници од гаџованите. Сојузите треба да се коваат врз основа на принципи и конкретни агенди, а не на празни ветувања. На овој начин, тие ќе го користат своето изборно влијание и моќ за да добијат соодветно место и третман, а не само место на коалиционата маса која несигурно ја ниша ромската позиција под било која тежина на големите партии. Сфатете го тоа како добро договорен трговски договор, а не како тајно ракување во зачадено кафуле.

Во крајна линија: изборниот бизнис ги држи во подредена позиција сите мали партии, што значи не ја намалува важноста на гласовите само на ромската заедница во Македонија. Малите партии се затворени во систем кој ја намалува нивната моќ и ги маргинализира нивните интереси. Со консолидирање, дефинирање на нивната платформа и создавање стратешки сојузи, тие можат да се ослободат од оваа балканска политичка чаршија и конечно да почнат да ја кројат сопствената судбина. Надвор од чаршијата: цртање нов курс Но, консолидацијата е само првиот чекор на долгиот пат. Ромските партии треба да развијат јасна, добро дефинирана платформа која ќе резонира со потребите и очекувањата на гласачите. Оваа платформа треба да одговори на специфичните предизвици со кои се соочува ромската заедница, од образование и вработување до социјална инклузија и зачувување на јазикот и културата.

Кои се конкретните чекор за понатаму? Во идната влада на ВМРО има 3 или 4 ромски партии кои предизборно настапија на последните избори. Дали ќе се ослободи место за ромски пратеник зависи од бројот на министри и позиции во првиот ешалон, и секако дали има ромски кандидат на повисока позиција на листата на ВМРО? Веројатноста е мала. Следно што е важно за нас е дали ќе новата власт ќе делегира некој од своите ромски партнери на политичка или институционална позиција во однос на Националната Стратегија за Ромите? Тука е особено важно кој ќе биде делегиран, со кој мандат и овластување, и секако компетентноста и посветеноста на номинираниот кандидат.  

Како тие ќе го подобрат животот на обичните граѓани Роми? На гласачите им треба патоказ, а не само празна реторика. Развојот на лидерството е исто така клучен. Заедницата има потреба од силни, харизматични личности кои можат да ја артикулираат ромската агенда со страст и убедување. Овие лидери мора да бидат луѓе со интегритет, со докажано искуство на служење на јавното добро.  Тие треба да бидат мост помеѓу ромската заедница и поширокото македонско општество, поттикнувајќи разбирање и градење доверба. Градењето доверба е долга игра и бара обраќање до слонот во собата – корупцијата. Некои лидери на ромски партии беа обвинети дека ги користеле своите позиции за лична корист, што дополнително го разочара електоратот.

На крајот сакам да кажам дека овој изборен неуспех, ако така го квалификуваме поради немање ромски пратеник во Собранието, ќе не мотивира сите за идните ангажмани на политички план. После секој неуспех секој што е посветен за некоја кауза, извлекува поуки и лекции и последователно го менува начинот на делување и одлучување. Јас верувам во тоа, дека политичката и интелектуална елита, вклучително и ромската бизнис елита, ќе се мобилизираат и  одредат нов правец и вредности во нашето политичко само-организирање и делување. Овде не се работи само за обезбедување места во парламентот, туку и за обезбедување дека ромската заедница има збор во обликувањето на иднината на Северна Македонија. А до тогаш вратите на Собранието ќе ги отвориме преку други канали.

Ден на Европа – прослава на европскиот мир и безбедност

На 9 мај секоја година земјите-членки на ЕУ го слават Денот на Европа. На годишнината од потпишувањето на Шумановата декларација во 1950 година, ова е ден за размислување за соработката, просперитетот и мирот што настана преку европскиот проект.

Датумот, 9 мај, е комеморација на историската декларација на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година за основањето на Европската заедница за јаглен и челик, која подоцна стана Европска Унија. Од 1985 година, овој ден се одбележува со прослави и свечености низ цела Европа.

Во 1952 година во чест на Шуман и „Шумановата декларација“, 9 мај беше прогласен за Ден на Европа, кој се чествува секој година како ден кога се слават мирот и единството во Европа, а истовремено беше промовирано и денешното знаме на ЕУ како Знаме на Европа.

Знамето се одликува со круг од 12 златни ѕвезди на сина позадина. Тие се залагаат за идеалите за единство, солидарност и хармонија меѓу народите во Европа. Бројот на ѕвезди нема никаква врска со бројот на земјите членки, иако кругот е симбол на единство.

Мотото на ЕУ, „Обединети во различностите“, беше усвоено како мото на Европската унија во 2000 година.

Прославите на Денот на Европа ги допираат доменот на уметноста, културата, политиката и многу повеќе. Преку музика, танц, дискусии, проекции и други формати илјадници луѓе го одбележуваат мирот, единството и европската идеја. Земјите-членки и кандидатите се домаќини на свечености во плејада градови, често во соработка со националните ентитети, институциите на ЕУ или граѓанското општество.

 

Руска федерација: Роми пронашле најнов руски дрон, и сакале да го продадат како старо железо, паника и веднаш беше информирана полицијата

Собирачи на старо железо се обиделе да го продадат рускиот дрон Орлан-10 на отпад во Тамбовска област!

Работниците во паника, сепак, веднаш повикале полиција, која сега истражува како дронот завршил во рацете на локалните Роми. До отпадот пристигна и група деминери. Авионот ќе биде испратен во Москва по истрагата.

Орлан-10 е всушност најновиот руски дрон развиен и произведен од Санктпетербуршката компанија STC. Дронот е дизајниран за извидување и надзор. Може да емитува цели за уништување од различни борбени возила или да се користи за прилагодување на артилерискиот оган и електронското војување.

Министерството за одбрана на Русија на почетокот на инвазијата на Украина изјави дека Орлан-10 бил користен и на фронтот во верзија за напад. За ова, тој е опремен со мини-бомби со висока експлозивна фрагментација, претворена од муниција VOG-25 за фрлачи на гранати под цевката, а потоа лансирана од катапулт.

Link: https://vocentar.com/%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%BB%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BD-%D0%B8-%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 205 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот