Градоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими некаде попладнево бил застрелан со автоматско оружје. Неговиот возач бил погоден со прострелна рана во градниот кош, потврди МВР. На влезот во Арачиново пристигнале засилени полициски сили, а на местото на престрелката во тек е увид.
Од Клиниката потврдуваат дека лице од Арачинов е донесено во Ургентниот центар во тешка здравствена состојба поради прострелна рана во градниот кош, за која е потребна итна операција.
Градоначалникот не е повреден, а во автомобилот во кој се наоѓал било пукано.
https://www.facebook.com/watch/?ref=embed_video&v=1136406844049113