Политика

Војници на Хитлер и натаму примаат пензија

Во Белгија, Велика Британија и некои други европски земји, припадниците на хитлеровата паравојска Schutzstaffel (SS) и натаму добиваат германски пензии.

Како што пишува Ен-би-си, станува збор за 27 поранешни војници. Целата ситуација била откриена кога четворица пратеници во белгискиот парламент побарале прекин на исплатата на ваквите пензии и презинтирале докази дека истите постојат и натаму се исплаќаат.

Но, како што додава Ен-би-си, од правна страна нема неправилности во однос на исплатите.

Имено, Германија има наследено обврска од Третиот рајх во поглед на исплатата на пензии за војниците, што е наведено во декрет од 1941 година, потпишан од Хитлер. Тоа е единствената одлука на Хитлер која законски останала на сила и по Потсдамската конференција во 1945 година.

Белгиските власти не знаат точно за кои нивни граѓани станува збор бидејќи само Германците имаат информации за идентитетот.

Бидејќи нема обврска земјите-членки на ЕУ меѓусебно да се информираат едни со други за прекугранични исплати на пензии, плаќањето се врши без оданочување. Пензиите за војниците на Хитлер изнесуваат од 425 до 1275 евра.

Децата Роми се најмногу изложени на дискриминација и сегрегација

И покрај досега преземените мерки и активности, дискриминацијата на децата Роми во Македонија и натаму е присутна. Голема дискриминација се бележи во делот на матичната евиденција поврзано со прашањето за лицата кои не се запишани во матичните книги, присутна е појавата на сегрегација по етничка основа, особено кога станува збор за учениците Роми. Исто така, состојбата со децата на улица е аларманта, а 98,2 отсто од нив се Роми. Регистрирани се случаи на дискриминација и во областите домување и пристап до добра и услуги.
Ова се само дел од областите на дискриминација кај децата Роми, регистрирани во  Извештајот „Дискриминација на децата Роми, меѓународна и домашна регулатива, национални политики и институционална поставеност – анализа на случаи од терен” што беше презентиран денеска, а е дел проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“.
За надминување на ваквите состојби, се наведува во извештајот, треба да работи на подигнување на свеста и капацитетите во институциите и кај граѓаните за заштитата од дискриминација, да се зголеми свеста за препознавање за дискриминација, особено кај жртвите припадници на ромската заедница. За надминување на констатираните состојби неопходно е домашната законската регулатива побрзо да се  усогласи со меѓународното право и обврските што државата ги има прифатено, но и да се подобри имплементацијата на националните политики.
Премиерот Зоран Заев, кој се обрати на завршната конференција на проектот, рече дека државата има обврска да изгради едно општество за сите, не само како флоскула, туку реалнно и оти тоа е највисоко на агендата на Владата.
-Никој не смее да биде дискриминиран, ниту запоставен. Најмалку тоа смее да биде некое дете, особено децата од ранливите категории. За нас, таквите права и достоинствен живот за сите се искрена верба дека тоа е патот до успешна заедничка држава, дом за сите, рече Заеев.
Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар истакна дека иако во државата се преземаат многу активности за спречување на дискриминацијата, таа се уште е пристуна и може да се види на улиците, во фактот што многу од децата немаат никакви документи, живеат во лоши услови, немаат пристап до образование и други услуги. Затоа, рече, потребна е координација на политиките, усогласување на целите и изнаоѓање фондови и средства за нивна реализација.

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека за овие проблеми треба да се зборува отворено, бидејќи, како што наведе, проблемите на Ромите се и наши проблеми, односно проблеми на целото општество. Прашање, е рече тој, дали сме подготвени да најдеме решение за проблемите и интерграција на Ромите во општеството. Ако е тоа така, во тој правец треба и да се делува, истакна Мемети.

Свастика на лицето на Симон Веил - жена борец за ромските права ширум светот

Со ваков навредлив чин пред два дена на неколку поштенски сандачиња, фотографијата на жената Симон Веил жена борец за правата на човекот била ишкртана со свастика .
Ваквиот чин не може да се окарактеризира по никаков друг основ туку расизам, расизам кој нема никаква политичка идеологија туку криминал и зло над човештвото.
Кој е Симон Веил?
Симон Веил по потекло е еврејка, родена на 17 јули 1927 година во францускиот град Ница. 
Таа и целото нејзино семејство биле депортирани во злогласниот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, каде што загуби дел од своето семејство за време на Холокаустот.
Служеше како прв претседател на Фондацијата за мир во де ла Шоа, од 2000 до 2007 година а потоа како почесен претседател.Симон Веил била и председател на Европскиот Парламент .
Познат борец за човекови права , но и голем поборник на истите права кога се работи за Синтитет и Ромите.
Во 2010 година Симоне Веил ја добива наградата за граѓански права за Синти и Ромите
Европската награда за граѓански права за Синти и Ромите за 2010 година беше претставена на поранешниот претседател на Европскиот парламент во Берлин за нејзината постојана посветеност кон овие две малцинства.
Таа почина на 30 јуни 2017 година на 89 годишна возраст во Парис.Била погребана на гробиштата на француските великани со бројни државнички почести на кое бил лично и францускиот председател Емануел Макрон.

Европскиот парламент повика на заштита на правата на Ромите

Основните права на Ромите остануваат постојано прекршени во ЕУ, изјави денеска Европскиот парламент во резолуцијата усвоена во Стразбур. Се среќаваат значителни пречки при пристапот на ова малцинство во образованието, домувањето, пазарот на труд и здравствената заштита. ЕП повикува на појасни цели за вклучување на Ромите и националните стратегии по 2020 година, вели институцијата.
Ромите треба да бидат подобро застапени во медиумите, државните институции и политичките организации, велат европарламентарците. ЕП повика на посилни мерки за борба против анти-ромските чувства во ЕУ. Настроенијата против Ромите се институционализирани и вкоренети во историската форма на расизам, што е изразено во "насилство, говор на омраза, експлоатација, стигматизација" и дискриминација, вели прифатениот текст.
Исклучувањето на училиштата, пристапот до пазарот на трудот, домувањето и здравствената заштита се меѓу главните пречки за Ромите во Европа. ЕП ја забележува особено тешката состојба на младите Роми, меѓу кои се зголемува бројот на оние кои не работат и не учат.
Пратениците бараат од Европската комисија и од земјите на ЕУ да предложи јасни и обврзувачки цели, рокови и алатки за проценка на напредокот во вклучувањето на Ромите. Тие веруваат дека значајни јавни фондови и човечки ресурси се потребни за да се постигнат овие цели.
ЕП повикува на вклучување на родовите аспекти во главните политики и користењето на пристапот во режија на детето во стратегиската рамка на ЕУ. Пратениците инсистираат на зголемено учество на претставниците на ромските и невладините организации во развојот на политиките за вклучување.
ЕП ја забележува потребата за заштита и промовирање на еднаков пристап до сите права на ромските деца. Постои повик за специфични цели против дискриминацијата, како и мерки за вклучување на Ромите во политиките за заштита на животната средина и дигиталното општество.
Структурните фондови на ЕУ мора да се искористат за подобрување на условите за живеење и идни можности за Ромите, истакнуваат пратениците. Тие ги повикуваат земјите од ЕУ да ги истражат злоупотребите на средствата и да преземат правни дејства против сторителите.

 


Link: https://novini.bg/sviat/eu/523984

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 78 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот