Home All Šutka NEWS НАЈАВА: КАМПАЊА „ТИШИНАТА НЕ Е ОПЦИЈА!“

НАЈАВА: КАМПАЊА „ТИШИНАТА НЕ Е ОПЦИЈА!“

18
0

НАЈАВА: КАМПАЊА „ТИШИНАТА НЕ Е ОПЦИЈА!“

СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје се приклучува кон глобалната кампања „16 дена активизам против родово базираното насилство“, која трае од 25 ноември до 10 декември 2026 година.

Кампањата е иницијатива на наставниците по право и учениците од III и IV година од секторот економија, право и трговија. Целта е да се подигне свеста кај младите дека насилството ретко почнува со удар – почнува со контрола, љубомора и молк.

Кампањата ја отвораме со настан:

Среда, 25.11.2026 година, во 17:00 часот

СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје

Во програмата:

Презентација на истражувањето „Насилство врз жени и девојки“, спроведено меѓу учениците на нашето училиште

Панел дискусија со експерти од практиката и науката:

Препознавање и заштита од насилство

Улогата на Центарот за социјална работа

Како МВР реагира и како треба да реагира

Казнено-правни и криминолошки аспекти

Наредните 16 дена на нашите страници следуваат видеа, пораки и резултати од истражувањето. Следете ги, споделете ги и бидете дел од промената!

Затоа што секоја жена и секоја девојка заслужува живот без насилство.

#ТишинатаНеЕОпција #ШаипЈусуфНеМолчи #16ДенаАктивизам #OrangeTheWorld

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here