Home Uncategorized Р Е А К Ц И Ј А

Р Е А К Ц И Ј А

4
0

на платформата „НАШАТА ИДНИНА – НАША ОДГОВОРНОСТ“

за заедничко делување на ромските граѓански организации за aктивно учество во политичкиот систем и развој на ромската заедница во Република Македонија

Соочени со:

– Предизвикот за развој на ромската заедница во Република Македонија;

– Потребата за активно учество на Ромите во политичкиот систем, јавниот и општествениот живот во Република Македонија;

– Желбата за зајакнување на демократскиот капацитет на припадниците на ромската заедница како основа на современото живеење;

– Водени од желбата да бидеме рамноправни во правата но и обврските во градењето на заедничката иднина.

НИЕ, претставниците на граѓанските организации потписнички на меморандумот за соработка се здруживме во заедничката платформа  за заедничко делување на ромските граѓански организации за активно учество на припадниците на ромската заедница во политичкиот систем, креирањето на јавните политики, донесувањето на одлуките и нивно спроведување, остро РЕАГИРАМЕ на изјавата на Директорот на заводот за статистика Апостол Симоски кој предлага да се исфрлат графите за етничка припадност и вероисповест во следниот попис.

Пописот како една од важните статистички операции за прибирање на податоци за многу демографски, социјални, културни, етнички, верски и други карактеристики и движења во даден период на една држава би бил нецелисходен и повторно неуспешен без податоците за етничката припадност и вероисповест на лицата кои ќе се попишуваат. Графата за етничка припадност е од особена важност за ромската заедница која живее во Република Македонија бидејќи државата се има обврзано да ја спроведува Стратегијата за Роми 2014 – 2020 од која произлегуваат многу афирмативни мерки кои се врзани со етничката припадност особено во делот на образованието и програмите и мерките кои ги нуди Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Недостатокот од вакви податоци ќе предизвика потешкотии за следење на социјалните движења на помалите етнички заедници и многуте програми за зачувување на културните и социјалните карактеристики би се соочиле со последици од недостаток на база на податоци од ваков карактер. 

Според нашите истражувања, начелото за соодветна и правична застапеност во однос на вработувањата во јавната администрација и во јавните претпријатија кое е силно поврзано со процентуалната застапеност на етничките заедници сеуште не е спроведено кај помалите етнички заедници. Притоа, исклучувајќи ја графата за етничка припадност ќе се загрози спроведувањето, но и надгледувањето на ова начело бидејќи некои етнички заедници веќе се презастапени во институциите додека други сеуште не можат да го постигнат процентот на застапеност.

ОСТРО РЕАГИРАМЕ и водени од фактот дека ова за нас претставува изјава која е тенденциозно насочена посебно кон помалите етнички заедници како што се Ромите и Власите, кај кои одреден број на оваа популација освен мајчиниот користи и други јазици најчесто на поголемите заедници во Република Македонија овој обид би водел кон тоа  да се манипулира со луѓето вештачки да се претопаат во поголемите заедници во Република Македонија.

Јавно ги повикуваме припадниците на помалите етнички заедници на  РЕАКЦИЈА во однос на изјавата на Канал 5 од Директор на заводот за статистика за да се исфрлат графите за етничка припадност и вероисповест во следниот попис.

Преставниците на Платформата се зачудени од ставот на директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски. И истите го оценуваат како нестручен, тенденциозен, мајористички, а Апостол Симоски не го познава општествениот контекст и приликите во Република Македонија.

23.03.2018 година, Скопје                                                          Од платформата на ромски граѓански здруженија

       „НАШАТА ИДНИНА – НАША ОДГОВОРНОСТ“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here