Home All NGO Projects РОМСКИОТ ЈАЗИК – НАШЕ НАСЛЕДСТВО, ИДЕНТИТЕТ И КУЛТУРНО БОГАТСТВО

РОМСКИОТ ЈАЗИК – НАШЕ НАСЛЕДСТВО, ИДЕНТИТЕТ И КУЛТУРНО БОГАТСТВО

40
0

ЗРДИЦМ организира свечено одбележување на Меѓународниот ден на ромскиот јазик во Скопје

По повод 2 ноември – Меѓународниот ден на ромскиот јазик, Здружението Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – Скопје (ЗРДИЦМ) организира свечен настан посветен на значењето на ромскиот јазик како темел на културниот идентитет, историската меморија и духовното наследство на ромскиот народ.

Настанот ќе се одржи на 2 ноември 2026 година, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, во Средното училиште „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари, Скопје.

Одбележувањето има за цел да ја истакне важноста на зачувувањето, развојот, изучувањето и афирмацијата на ромскиот јазик, како и потребата од негово поголемо присуство во образованието, литературата, културниот живот и јавната комуникација.

Во рамките на програмата ќе биде прикажан краток документарен филм во продукција на Супер Продукција БТР, посветен на ромскиот јазик и неговото културно значење.

Предвидени се обраќања на Зоран Димов, Ерџан Демир и Вељко Кајтази, како и излагања посветени на перспективите на ромскиот јазик, ромската литература и неговото изучување во основното образование преку наставните програми и учебниците.

Посебен дел од настанот ќе биде доделувањето плакети на личности кои со својата работа и посветеност придонесуваат за зачувување, развој и афирмација на ромскиот јазик.

Зачувувањето на еден јазик значи зачувување на историјата, традицијата, културната меморија и идентитетот на народот кој го зборува. Ромскиот јазик претставува значаен дел од европското културно и јазично богатство и неговото негување е одговорност на сегашните и идните генерации.

Преку оваа манифестација, ЗРДИЦМ сака да придонесе кон подигнување на свеста за значењето на ромскиот јазик и да поттикне поголема институционална и општествена поддршка за негово зачувување и унапредување.

Настанот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Ромскиот јазик е наше наследство. Неговото зачувување е наша заедничкаодговорност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here