Здружението Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија (ЗРДИЦМ) од Скопје го спроведува проектот „Чекор по чекор до полноправно членство”, чија цел е да придонесе кон успешната европска интеграција на Северна Македонија преку унапредување на правата и вклучувањето на ромската заедница во процесите на пристапување кон Европската Унија.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците.
За што се работи проектот
Централна идеја на проектот е анализа на искуствата и научените лекции од процесот на пристапување во ЕУ, со посебен фокус на примерот на Република Хрватска — единствената земја од регионот што веќе го помина патот до полноправно членство. Преку истражување, компаративна анализа и конкретни препораки, проектот идентификува добри практики и предизвици со кои се соочуваат Ромите во земјите од Западен Балкан за време на пристапните преговори.
Проектот се реализира преку четири главни компоненти:
- Анализа на правните, институционалните и социо-економските аспекти на пристапниот процес, со акцент на хрватското искуство;
- Истражување на политики и мерки за вклучување на Ромите во Хрватска и нивна можна примена согласно европските стандарди;
- Формулирање препораки за подобрување на националните стратегии и политики за интеграција на Ромите, врз основа на хрватскиот модел;
- Јакнење на капацитетите на граѓанските организации и државните институции за поефикасно водење низ пристапниот процес.
Регионална и меѓународна соработка
Во рамки на проектот, ЗРДИЦМ воспостави партнерства со организации од регионот и Европа, меѓу кои Савезот на Роми во Република Хрватска „Калисара” од Загреб, Идентитет Прага, Чешка Република и Обединети ромски заедници од Софија, Бугарија, со цел размена на искуства и добри практики.
Активности спроведени досега
На 24 август 2026 година, во Хотел „Континентал” во Скопје, се одржа работилница посветена на формирање на Национална платформа за инклузија и европска интеграција, на која учествуваа претставници од ХДЗР „Месечина” (Гостивар), ИНСОК (Гостивар), НВО „Амбрела” (Скопје), „Сонце” (Тетово), „Дром” (Куманово), Здружението на мултиетничко општество за човекови права (Штип), како и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Во наредниот период, во рамки на проектот ќе се спроведе медиумска и јавна кампања за информирање на граѓаните за пристапниот процес и улогата на ромските организации во него, преку информатив,ни материјали, вклучување на медиуми и дигитална кампања на социјалните мрежи.
Проектот „Чекор по чекор до полноправно членство” продолжува до ноември 2026 година.












