Владата во Софија трпи критики поради учеството на радикалните десничари ,меѓу кои и владиниот преставник за интеграција каде меѓудругото Ромите ги наименува како „подивени човеколики суштества„ а за Ромките дека „имаат инстикт ка улични кучки„ се наведува во „Дојче Веле„
-Валериј Симеонов и неговот именување како владин преставник за интеграција звучи како лош виц, а воопшто не е шега. Како што наведува ДВ поради тие постапки на владеачката коалиција се протестира и на почетокот на неделава се појавило и отворено писмо кои го потшишале 373 инетелктуалци и активисти кои бараат Симеонов да се повлече од таа функција.
Во прашање е 62 годишен бизнисмен кој воедно е и вицепремиер во владината коалиција и и припаѓа на Партијата „Обединети патриоти„ . Инаку таа партија е составена од три помали десничарски партии , а Симеонов е лидер на една од нив наречена како Национален фронт за спас на Бугарија.
Потписиниците велат: „ Срамота е еден почитувач на фашистичка идеологија да врши такава функција како што е оделот Совет за интеграција„
Неговата десничарска партија како што цитира „Дојче веле„ во својата програма официјално пропагира чистење на „ромски гета„ и затворање на Ромите во „заградени резервати„ и како што велат треба да биде по примерот на резерватите на американските Индијанци или австралиските Абориџани„ и така тие бугарски резервати можеби ќе бидат и – туристичка атракција.
За време на својата кариера Симеонов спомнуваше и потреба од „ модерни концетрациски логори„
Link: http://www.blic.rs/vesti/svet/dojce-vele-bugarski-poverenik-za-integraciju-vreda-rome/p7k44dp














