Home Uncategorized Повик за обучувачи за работилници за зајакнување на академските способности за академската...

Повик за обучувачи за работилници за зајакнување на академските способности за академската 2016/2017 година

2
0

Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за обучувачи за испорака на работилници за комуникација со јавноста и новинарско изразување, менаџирање на време за ефективно учење, техники за академско пишување,

методологија на научно-истражувачка работа и комуникациски и презентациски вештини.

 

Кандидатите за обучувачи треба да ги исполнат следните услови:

Да имаат завршено високо образование;

Да имаат искуство во испорака на работилници;

Да имаат искуство во испорака на работилници на темите кои се наведени во овој повик;

Да имаат добро познавање на педагошките пристапи на учење, методи и методологија на работа.

 

Кандидатите за обучувачи треба да ги достават следните документи:

Скенирана диплома од завршено високо образование;

Кратка биографија која ќе ги содржи претходно најважните испорачани работилници, обуки и семинари;

Листа на испорачани работилници само за темата/темите за кои се пријавувате; 

Предлог дизајн на работилница на темата/темите за кои се пријавувате.

 

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата: [email protected], најдоцна до 30 Септември 2016

 

Линк кон документот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here