Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС” во рамки на проектот “Ромаверзитас – академска и друга поддршка на студенти Роми во Македонија“ објавува повик за обучувачи за испорака на работилници за комуникација со јавноста и новинарско изразување, менаџирање на време за ефективно учење, техники за академско пишување,
методологија на научно-истражувачка работа и комуникациски и презентациски вештини.
Кандидатите за обучувачи треба да ги исполнат следните услови:
Да имаат завршено високо образование;
Да имаат искуство во испорака на работилници;
Да имаат искуство во испорака на работилници на темите кои се наведени во овој повик;
Да имаат добро познавање на педагошките пристапи на учење, методи и методологија на работа.
Кандидатите за обучувачи треба да ги достават следните документи:
Скенирана диплома од завршено високо образование;
Кратка биографија која ќе ги содржи претходно најважните испорачани работилници, обуки и семинари;
Листа на испорачани работилници само за темата/темите за кои се пријавувате;
Предлог дизајн на работилница на темата/темите за кои се пријавувате.
Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата: [email protected], најдоцна до 30 Септември 2016














