Користењето на електронските картички и функционирањето на АВЛ системот во автобусите на ЈСП- Скопје започнува од 1 јануари 2016 година, додека во приватните автобуси од 1 мај, информира Градот Скопје.
Град Скопје и ЈСП изготвиле нови цени на цените за електронскиот систем за наплата, кој треба да почне да се применува од 1 јануари следната година. Според предлогот, доколку сакате да купите билет директно од возачот на автобусот ќе мора да платите 60 денари.
Предлогот треба да го гласаат градските советници на седницата што ќе се одржи во вторник.
Ќе може да се плаќа со електронска картичка и со мобилен телефон. Плаќањето со мобилен ќе биде поскапо отколку тоа со картичка.
Едно возење ќе чини 35 денари и за 1-ва и за 2 зона, со што фактички возењето сега без разлика на растојанието и релацијата ќе чини колку што сега чини возење во 2., односно приградска зона, со еден купен билет на билетарница. Доколку сакате да купите билет директно од возачот на автобусот ќе мора да платите 60 денари. Ќе остане цената за билетот за 10 возења од 250 денари во градска, односно 1. зона, а тој за двете зони ќе чини 300 денари – односно, цените се како и досега. Овој билет ќе има важност од 15 дена.
Новитет е и што се воведуваат временски билети – за 90 минути, за еден ден, за седум дена, а поевтинуваат месечните билети за сума од меѓу 40 до 80 денари. Дневниот билет ќе важи до 24 часот, а потоа ќе може да се плати ноќен билет, кој ќе чини исто колку сега – 40 денари, но доколку плаќате со електронската картичка.
Плаќањето со мобилен ќе се прави така што се доближува мобилниот телефон до валидаторот откако претходно ќе се заврти телефонскиот број 185.
Останува да се види дали во вторник советниците ќе ги изгласаат новите цени, но со оглед дека мнозинството е од власта, според досегашното искуство, веројатно предлогот ќе биде аминуван и од 1 јануари ќе се возиме поскапо во најголемито број варијанти, а поевтино само во неколку.














