Home All Šutka NEWS Лажна вест за бесплатна карта за автобус се шири на Фејсбук, граѓаните...

Лажна вест за бесплатна карта за автобус се шири на Фејсбук, граѓаните да не „наседнуваат“ на измамата

2
0

Новоформирана страница на Фејсбук, наречена „Транспортна карта на град Скопје“ на граѓаните им нуди можност до крајот на месецов да си купат картичка „скопска“ и за тоа да добијат бесплатен превоз една година. Дека станува збор за измама или за невкусна шега е повеќе од јасно, а тоа го потврдија и од ЈСП „Скопје.

Од ЈСП соопштија дека измамата веќе е пријавена во МВР. ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“ објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Транспортна карта на град Скопје“, која не е поврзана со ЈСП Скопје. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие  ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП, се вели во нивното соопштение

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here