Home Uncategorized Инклузија на Ромите: Во Србија во предучилишни установи се запишани 1.300 ромски...

Инклузија на Ромите: Во Србија во предучилишни установи се запишани 1.300 ромски деца

2
0

Според зборовите на Сузана Паунович од Канцаларијата за човечки и малцински права, благодарение на мобилните тимови за Инклузија на Ромите до 2015 година, близу 1.300 ромски деца се запишаа во предучилишните установи.

 

Тие мобилни тимови беа составени од преставници од центрите за социјална работа, Националните служби за вработување, педагошки асистент, здравствен медијатор и ромски координатор ги има во 20 градови и општини низ Србија, се со цел оние корисниците да им овозможат поефикасна достапност на услугите и да си ги остварат своите права.

Овие тимови се основани во рамките на проектот „Овде сме заедно – Европска поддршка за инклузија на Ромите„ а искуството треба да послужи на другите локални самоуправи во Србија како начин каде бројните прашања во врска со Ромите можат бргу да се решаваат. 

Менаџерот на овој проект инаку преставник на ОБСЕ во Србија г-динот Лојд Тудик, оцени дека мобилните тимови се успешен пример на работа на локлано ниво, каде се постигниува побрза координација на сите служби и потреби .

Паунович и Тудик на сите координатори од мобилните тимови им дадоа лап топкои ќе им помогнат во секојдневната работа во известувањето, подготовка на оперативни планови и координација на работата , со цел за подобрување на положбата на Ромите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here