Home Uncategorized Инцидент во кампот за азиланти во Германија, тешко повреден Ром – македонски...

Инцидент во кампот за азиланти во Германија, тешко повреден Ром – македонски државјанин

2
0

Во малиот германски град Блесем – во германската покраина Норд Рајне Вестфалија , пред два дена се случил инцидент каде тешко е повреден Ром од Битола инаку барател на азил.

 

Инцидентот се случи во попладневните часови, откако ненаименуваниот Ром од Битола, со своето 6 члено семејство се враќал од Емиграционото биро, каде бил на разговор. По сооопштување на негативна одлука од страна на бирото, каде одлуката гласеше дека треба да биде депортиран од Германија, разочаран од одлуката и претходни со психички потешкотии со здравјето, беше пречекан од страна на други емигранти од кампот со навредливи и провокациски коментари.

Во толпата која ја сочинуваа емигранти од Сирија, Авганистан, Ирак и неколкумина Албанци, започнаа физички и вербално да го провоцираат. Тогаш започна и физичка пресметка помеѓу групата емигранти и семејството на битолчанецот.

Од толпата според информациите едвај се извлече битолчанецот и се упати кон канцалариите на кампот каде беа престпоставените вработени (социјални работници и обезбедувањето).

Но еден од групата на емигрантите (млад Албанец)  го стигна и физички со неколку удари со нозе по главата го нападна битолчанецот и започна жестоко да му ја удира главата по ѕидовите на кампот. Сето тоа немо го посматрале без да реагираат и официјалните социјални работници и другите од канцалариата на кампот. Никој не се вмешал да изреагира, одбрани или раздели. Нападнатото лице се здобил со тешки повреди по лицето и главата со големо крварење.

По неколку минути без пријава во полиција пристигнало амбулантно возило и повредениот го однеле во болница, каде му се санираат тешките повреди. Иронијата да е поголема. Во изјавите поповод овој инцидент , никаде не е наведено дека бил физички нападнат туку дека се самоповредил затоа што самиот паднал.

Сега семејството на нападнатиот битолчанец правдата ќе ја бара по судски пат, од причина за задскривање на овој инцидент, како од социјалните работници така и од полицијата

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here